Драги мајки, пушетете ги вашите деца да дишат!

Престанете да го уценувате своето дете со солзи или закани и СТОП за фразите „Ти го посветив животот, а ти вака ми возвраќаш?“. Да, добро слушнавте, ќе повторам – „Се молат мајките, чии деца имаат над 25 години, да ги пуштат да дишат!“

dragi-majki-pushetete-gi-vashite-deca-da-dishat-01.jpg

Драги мајки, пуштете ги вашите деца да дишат! Да, добро слушнавте, ќе повторам – „Се молат мајките, чии деца имаат над 25 години, да ги пуштат да дишат!“

Вие можеби мислите дека се грижите за вашите деца и ги насочувате и дека знаете како вашето дете треба да постапува во одредена ситуација, но вие всушност го гушите тоа „дете“.

Тоа „дете“, веќе е возрасна личност на чии години вие можеби веќе сте имале едно дете.

Вашето чедо, како што секогаш го гледате и доживувате, вашето бебе веќе треба да порасне затоа што наскоро можеби тој/таа ќе има бебе, за кое ќе треба да се грижи.

Треба да има своја работа со која ќе се прехранува себеси и можеби семејството.

Треба да има свој мозок, кој ќе му функционира 24/7 за да преживее во ова општество.

Затоа сите забелешки од типот каква работа треба да работи, каков партнер да избере, кога да се жени/мажи и слично, задржете ги за себе.

Да, вие го родивте, школувавте и се гриживете за него и во главата имате апсолутистичка моќ (македонската фраза – јас те создадов, јас можам да те уништам), но таа моќ е само во вашата глава.

Вашето дете сега е возрасна и независна единка.

Престанете да се трудите да истуркате некој свој личен нацрт преку него. Престанете со тоа дека мора да ве слуша затоа што вие сте најпаметни и дека годините и искуството ви го допуштаат тоа.

Престанете да го уценувате со солзи или закани и стоп за фразите „Ти го посветив животот, а ти вака ми возвраќаш?“.

Сето наведено е класична уцена и манипулација и навистина не е во ред да бидете среќни кога ќе победите во ваква нечиста игра. Тактиката ви успеа повторно? Е, браво!

Дури и да минувате низ климакс и се чувствувате како да ви се случува хормонска бура, не истурајте го тоа врз своето дете.

Да, сакани сте и нема потреба вашето дете да се поклонува секој ден пред вас за да ви го покаже тоа.

Прашајте го како е, кажете му дека вие сте добро и оставете го да си го живее животот.

Така, ќе бидете сигурни дека ќе сака да ве види, дека ќе сака да разговара со вас и дека ќе му бидете пријатен, а не оптоварувачки дел од животот.

Мајки, пуштете ги вашите деца да дишат!

Извор

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg