10 трикови со кои ќе го мотивирате детето да ги завршува своите обврски низ домот
Поделете ги обврските на помали задачи
Ако правите генералка во домот и сакате детето да помогне, многу полесно ќе се справи со обврските ако ги поделите на помали задачи.
Уште подобро ако направите листа со обврските што треба да ги заврши, како миење садови, менување постелнина, метење…
Дајте му можност да избира
Наместо да му наредите на детето да ги измие садовите, многу подобро е да му дадете опција.
Односно, прашајте го дали сака да ги измие садовите или да заврши нешто друго низ домот.
На овој начин нема да звучите како да му наредувате на детето и поверојатно е тоа да заврши некоја обврска.
Направете го средувањето дел од секојдневната рутина
Некои обврски низ домот треба да се завршуваат секој ден.
Помогнете му на детето да стекне рутина наутро да си го мести креветот, да ги собира играчките веднаш откако ќе заврши со чистење, да ја крене чинијата од масата кога ќе заврши со јадење…
На овој начин домашните обврски нема да се трупаат и средувањето на домот ќе биде многу полесно, па и забавно.
Вклучете го целото семејство во средувањето на домот
Сите треба да учествуваат во завршувањето на домашните обврски, па направете го чистењето семејна активност.
Поделете си ги обврските и заедно средете го домот.
Поставете пример
Наместо да го карате детето бидејќи не завршило некоја обврска како што треба, покажете му како е правилно.
Ако го карате, тоа нема да научи како треба, туку само ќе чувствува гнев и аверзија.
Спирова С. | Црнобело