10 трикови со кои ќе го мотивирате детето да ги завршува своите обврски низ домот

Наместо да го карате детето кога нема да заврши некоја обврска правилно, покажете му како треба да ја заврши следниот пат. 

10-trikovi-so-koi-kje-go-motivirate-deteto-da-gi-zavrshuva-svoite-obvrski-niz-domot-01.jpg

По четвртата година, децата разбираат доволно за да почнат да учествуваат во домашните обврски.

Нормално, на оваа возраст не можете да очекувате детето да измие садови, но е доволно големо да сфати дека треба да си ги средува играчките.

По седмата година, детето веќе може да почне и со покомплицирани обврски, како миење садови или метење на подот.

Никако не треба целото средување на домот да го оставите на вашето дете, но од друга страна важно е да го научите на одговорност со тоа што ќе му давате по некоја обврска. 

За почеток, препорачливо е детето да почне да ги средува неговите работи, а потоа постепено давајте му и други обврски соодветни на неговата возраст.

Но, веројатно ќе ви биде тешко да го натерате детето да завршува обврски низ домот, особено ако не обрнете внимание на вашиот пристап.

Па, како да го мотивирате детето да ги заврши неговите обврски?

Променете ги правилата

Ако досегашните обиди да го натерате детето да го средува својот неред се неуспешни, тоа значи дека мора да промените нешто.

Ако сте како повеќето родители, веројатно барем еднаш му имате речено на детето дека ќе му ги фрлите играчките ако не си ги собере.

Но, ова е само „празна закана“ и со текот на времето детето станува свесно дека нема да направите ништо дури и ако не си ги среди играчките. 

Во никој случај не треба да ги фрлате играчките на детето, но можете малку да го промените правилото. Наместо дека ќе ги фрлате, речете му дека ако не ги собере играчките, една недела нема да може да си игра со нив.

10-trikovi-so-koi-kje-go-motivirate-deteto-da-gi-zavrshuva-svoite-obvrski-niz-domot-02.jpg

Наградете го трудот, но не премногу

Малите награди можат да го мотивираат детето да почне да помага во средувањето на домот.

Но, важно е да не претерате бидејќи тоа треба да сфати дека завршувањето на домашните обврски не е за награда, туку е нешто што мораме да го правиме сите.

Кога ќе заврши со обврската, дозволете му да гледа телевизија, да ја игра омилената видеоигра и слична активност што сака да ја прави во слободно време.

Вака детето ќе сфати дека откако ќе ги заврши своите обврски, ќе може да го минува слободното време со активности што ги сака.

10-trikovi-so-koi-kje-go-motivirate-deteto-da-gi-zavrshuva-svoite-obvrski-niz-domot-03.jpg

Давајте прецизни и едноставни инструкции

Инструкциите како „среди си ја собата“ може да не му бидат јасни на детето како што ви се вам.

Затоа, важно е да бидете прецизни со инструкциите – речете му да го намести креветот, да си ги собере играчките, да си ја здипли облеката…

10-trikovi-so-koi-kje-go-motivirate-deteto-da-gi-zavrshuva-svoite-obvrski-niz-domot-04.jpg

Дајте им време

Замислете си дека правите нешто забавно, и некој ве натера да почнете веднаш да чистите. Веројатно ќе бидете фрустрирани – вака ќе се чувствуваат и децата ако ги прекинувате во она што го прават за да чистат.

Многу подобар пристап е да му речете да си ги собере играчките за 10-тина минути, или за еден час.

Кога станува збор за поголеми деца кои можат да завршат поголеми обврски, дајте им повеќе време. На пример, речете им да си ја исчистат собата до утре или до крајот на неделата.

10-trikovi-so-koi-kje-go-motivirate-deteto-da-gi-zavrshuva-svoite-obvrski-niz-domot-05.jpg

Никогаш немојте да ги користите домашните обврски како казна

Никој не ги сака домашните обврски, вклучувајќи ги и децата, па ако ги користите како казна, аверзијата кон нив само ќе се зголеми.

10-trikovi-so-koi-kje-go-motivirate-deteto-da-gi-zavrshuva-svoite-obvrski-niz-domot006.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg