8 постапки со кои ќе поставите добар пример за вашето дете, низ илустрации

Бидете искрени, водете здрав живот и бидете вклучени во животот на вашето дете.

8-postapki-so-koi-kje-postavite-dobar-primer-za-vasheto-dete-niz-ilustracii-001.jpg

Децата секогаш учат најдобро од пример. Односно, без разлика што му зборувате, поверојатно е дека тоа ќе ги следи вашите постапки, а не вашите зборови.

За да го воспитате добро мора да поставите и добар пример.

Во продолжение осум постапки кои ќе ви помогнат да поставите добар пример за вашето дете:

Бидете оптимист

На сите ни е јасно дека е невозможно постојано да бидеме оптимисти.

Проблемите на работа, проблемите во домот и заморот се само мал дел од работите што можат да ве направат песимисти.

Но, пред вашето дете пробајте да бидете оптимист.

На детето му е потребно да се огледува на личност која не се откажува и која може да го гледа позитивното во скоро секоја ситуација.

Па, дури и кога сте во навистина лоша положба, пробајте да бидете позитивни пред вашето дете.

8-postapki-so-koi-kje-postavite-dobar-primer-za-vasheto-dete-niz-ilustracii-02.jpg

Внимавајте на тонот на вашиот глас

Немојте да го повишувате тонот кога зборувате со вашето дете бидејќи викањето може да биде стресно за него.

Покрај тоа, ако вие постојано му викате на детето, и тоа ќе почне да се однесува така. А, ретко кој би сакал да минува време со таква личност.

8-postapki-so-koi-kje-postavite-dobar-primer-za-vasheto-dete-niz-ilustracii-03.jpg

Водете здрав живот

Залудно ќе го терате детето да јаде здрава храна ако вие не водите никаква грижа за вашето здравје.

Секако, никој не бара од вас да се откажете од сите задоволства, како благо или брза храна, но давајте им предност на здравите животни навики.

Кога ќе поставите ваков пример, многу е поверојатно и вашето дете да сака да води здрав живот, дури и кога ќе порасне.

8-postapki-so-koi-kje-postavite-dobar-primer-za-vasheto-dete-niz-ilustracii-04.jpg

Бидете вклучени во животот на вашето дете

Покажувајте интерес за хобијата и интересите на вашето дете, одете да ги гледате неговите училишни претстави, разговарајте за неговите проблеми…

Само вака ќе изградите здрав однос со детето кој ќе трае целиот живот.

8-postapki-so-koi-kje-postavite-dobar-primer-za-vasheto-dete-niz-ilustracii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg