„Татко ми ме напушти како бебе, не сум го видела 20 години – мислам дека ми направи услуга“
„Мојот биолошки татко (така го викам затоа што за мене татко е некој кој те израснал) се отсели кога бев бебе. Моите спомени за него се кога бев 4-годишно девојче и ќе се дотерав во најубавиот фустан за тој да ме земе, но тој немаше да се појави, мајка ми бесно разговараше со него по телефон, па ме тешеше со сладолед...“
Во британскиот магазин Metro осамна исповед од анонимна девојка во 20-тите која отворено говори за напуштањето од страна на татко ѝ и како се чувствува во врска со тоа.
Нејзината емотивна исповед:
„Во поголемиот дел од времето комплетно заборавам дека мојот биолошки татко постои.
Филмовите и телевизијата ни прикажуваат дека децата на кои еден од родителите им е отсутен од животот влегуваат во неволји и бараат нешто за да ја пополнат дупката која родителот кој си заминал ја оставил, но кај мене не е така.
Се разбира, на некои природно им доаѓа вака да реагираат, но не им мене.
Мојот биолошки татко (така го викам затоа што за мене татко е некој кој те израснал) се отсели кога бев бебе.
Моите спомени за него се кога бев 4-годишно девојче и ќе се дотерав во најубавиот фустан за тој во сабота наутро да дојде со сјајниот автомобил да ме земе, но тој немаше да се појави, мајка ми бесно разговараше со него по телефон, па ме тешеше со сладолед. И потоа правевме нешто забавно што таа го имаше испланирано како план Б за безбедност.
Потоа ненадејно се отсели од земјата на една година и се сеќавам дека кога се врати наместо да си игра со мене, отиде на пијалак со другарите.
Ми даваше скапи играчки за празниците и ми велеше дека нема да може да мине време со мене.
Потоа дојде време кога ми беше поубаво без него. Ако знаев дека не ветил дека ќе дојде, не морав да се грижам дали ќе се појави.
Потоа ѝ го кажав тоа на мајка ми, а таа на него и тој по судски пат бараше права да ме гледа почесто. Имав 7 години тогаш.
Тој всушност сакаше да ја победи мајка ми, а не да се грижи за мене, не ме ни праша што сакам јас.
Кога ме носеше на плажа со часови добивав ужасни изгореници, ми дозволуваше да трчам надвор боса и да правам што сакам, додека мајка ми се грижеше за мене, беше организирана и секогаш за мене ги правеше најбезбедните избори.
Кога на суд ме прашаа дали ми недостига да го гледам татко ми, јас им кажав дека само сакам да ме остави на мир.
Татко ми доцнеше дури и на суд, па ги изгуби правата да ме гледа.
Поминаа 20 години оттогаш. Го немам видено и освен додека го пишував ова, не мислам на него.
Ова искуство во мене ја вроди мислата дека најважната работа во животот е да имаш околу себе луѓе кои се грижат за тебе – како што е мајка ми.
Не сум полна со омраза кон мојот биолошки татко, не сум ниту некомплетна без него, ниту пак ме интересира како изгледа сега – мојата лојалност e кон луѓето кои играат активна улога кон мојот живот.
Љубовта е да бидеш тука за тие што ги сакаш кога си им најпотребен, звучи клише, но така е.
За мене мајка ми е љубов.
И животот е таков, а некои родители се случува да бидат себични, неодговорни и подобро е да се на страна, отколку да предизвикаат штета со своето присуство.
Можам со сигурност да кажам дека ми е подобро без татко ми.“
С. С. | Црнобело