Приказната зад хорор-играчката Huggy Wuggy која ја обожаваат и децата во Македонија, а стана мета на критики

Играчката позната како Huggy Wuggy e инспирирана од лик од хорор-видеоигра, чие дејство иако е сместено во фабрика за играчки, не е воопшто соодветна за деца. Всушност, и компанијата која стои зад играта вели дека не ја направиле за мали деца, туку за поголеми гејмери.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki-01.jpg

Ако имате дете, голема е веројатноста да ви побарало да му ја купите играчката позната како Huggy Wuggy.

Навидум, ова се обични кадифени играчки, но дефинитивно имаат малку вознемирувачки изглед.

Највпечатлива е морничавата насмевка на играчката која изгледа дури чудовишно. Играчката има и велкро лепенки на рацете за да може да ве „прегрне“.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki-07.jpg

Родителите, пак, се поделени во врска со оваа играчка – некои сметаат дека е најобична играчка и нема за што да се загрижуваат, додека други сметаат дека премногу вознемирувачка за мали деца.

Па, од каде потекнува оваа играчка и дали воопшто е соодветна за мали деца?

Играчката е инспирирана од лик од хорор-видеоигра – Poppy Playtime – која е достапна бесплатно за Android и iOS уреди, како и за Windows.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki-08.jpg

Во играта, играчот е поранешен вработен во фабрика за играчки. Тој ја посетува фабриката, која е напуштена, откако пред десет години сите вработени исчезнале без трага.

„Треба да останете живи во оваа хорор-авантура со загатки. Пробајте да ги избегнете одмаздољубивите играчки кои ве чекаат во напуштената фабрика за играчки.

Истражувајте ја мистериозната зграда… и не дозволувајте да ве фатат“, стои во официјалниот опис на играта на Steam.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki-03.jpg

Додека се движи низ фабриката, играчот треба да решава загатки, но и да се справува со морничави суштества чиј дизајн е инспириран од детски играчки.

Популарната Huggy Wuggy играчка е всушност главниот негативец со којшто се соочува играчот во играта.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki-05.jpg

На видеото во продолжение можете да погледнете како изгледа играта на компјутер:

Како што спомнавме, ова е хорор-видеоигра, но бидејќи дејството е сместено во фабрика за играчки, многу родители сметаат дека е соодветна за деца.

Поради ликовите инспирирани од играчки, речиси веднаш откако се појави на пазарот, играта почна да се споделува на Јутјуб канали за деца, па веројатно оттаму нивната заинтересираност за играчката.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki-06.jpg

Официјално, играта нема возрасна граница, но компанијата која стои зад неа (MOB Games) вели дека не е препорачлива за деца помали од осум години, како и дека не ја направиле играта за деца.

Всушност, повеќето хорор-видеоигри со вознемирувачки сцени не се наменети ни за малолетна публика, уште помалку деца. 

Оние, пак, кои ја играле играта споделуваат дека во неа има вознемирувачки сцени, особено со ликот Huggy Wuggy, и истакнуваат дека играта не би требало да ја играат деца помали од 13-14 години.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki09.jpg

Додека самата играчка што ја критикуваат многу родители можеби не е опасна за деца помали од 13 години, видеоиграта дефинитивно не е наменета за мали деца и не е препорачливо да ја играат.

pozadinata-zad-horor-igrachkata-huggy-wuggy-koja-ja-obozhavaat-i-decata-vo-makedonija-a-stana-meta-na-kritiki-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg