Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто треба да им облекувате костим за капење на децата на плажа, наместо да ги оставате голи?

„Јас лично се ежам од голотија на јавните плажи. Своите деца од мали нозе ги учам дека интимните делови треба да бидат прекриени и дека никој не смее да ги гледа и да ги допира“ – вели српска авторка која образложи зошто смета дека малите деца мора да носат пелени на плажа.

zoshto-treba-da-im-oblekuvate-kostim-za-kapenje-na-decata-na-plazha-namesto-da-gi-ostavate-goli-01.jpg

Речиси сите дома имаме по некоја фотографија од која се срамиме како голи трчаме на некоја плажа. Се чини дека и денес е пракса малите деца да бидат голи, а една авторка им се обрати на сите мајки и наведе неколку причини зошто не треба да го правиме тоа?

Српската авторка Андреа Шикиќ за порталот zenskirecenziraj напиша поголема статија во која ги образложи сопствените ставови зошто не треба да ги пуштаме децата да шетаат голи.

zoshto-treba-da-im-oblekuvate-kostim-za-kapenje-na-decata-na-plazha-namesto-da-gi-ostavate-goli-02.jpg

Во продолжение проследете ја во целост:

„Пред да започнам да го елаборирам сопствениот став, веднаш ќе кажам дека децата на плажа (базен, езеро...), според моето скромно мислење мора да имаат гаќи за капење или пелени.

Еве три причини, зошто тоа треба да биде така:

Хигиената и чувањето на здравјето треба да биде на прво место

Како што се бориме против возрасните што некултурно се однесуваат и вршат нужда кај што ќе стигнат, воопшто не ни е пријатно и кога ќе видиме дека тоа го прави некое дете.

За жал, бев сведок на такви глетки и мајки што воодушевени го бранеа тој чин затоа што е „симпатично“ и детето е мало, па не знае што прави.

Баш затоа што тоа дете е мало и не знае да ги контролира тие нагони (говорам за децата што носат пелени) имаме пелени. И тоа оние фантастични што се наменети за бањање и за пливање и што нема да се надуваат, а на бебето му се лесни за носење.

Со оглед на тоа што детето не знае што прави, да не заборавиме дека мајката многу добро треба да знае што прави.

zoshto-treba-da-im-oblekuvate-kostim-za-kapenje-na-decata-na-plazha-namesto-da-gi-ostavate-goli-03.jpg

Детските интимни делови мора да бидат скриени

Можеби и најважната причина што најчесто ја занемаруваме мислејќи, „тоа не се случува тука“ се туѓите погледи на интимните делови на вашите деца.

Навистина, никогаш не можете да знаете кој е околу вас и кој го набљудува вашето дете.

Па дури и кога околината е 100 отсто безбедна, дали кое било дете сака да биде изложено голо на јавно место (ако го прашате)?

На крајот на краиштата, ако родителите му се облечени зошто мислите дека на детето му е полесно додека е голо?

Јас лично се ежам од голотија на јавните плажи, како од возрасните, така и од детската, но ги почитувам нудистите и сметам дека е во ред што за тој вид авантуризам постои одредено место.

Не сакам да гледам деца што трчаат голи, браќа и сестри што невино се пипкаат затоа што претерано сум оптоварена од погледите на другите и опасностите што се закануваат.

Своите деца од мали нозе ги учам дека интимните делови треба да бидат прекриени и дека никој, ама никој без нивна дозвола не смее да ги гледа и да ги допира.

zoshto-treba-da-im-oblekuvate-kostim-za-kapenje-na-decata-na-plazha-namesto-da-gi-ostavate-goli-04.jpg

На голотијата ѝ е место само во кадата (и меѓу вашите 4 ѕида)

За крај наведувам една причина што е помалку или повеќе само заклучок дека голотијата е нешто интимно и дека радоста околу голотијата, слободата на голото тело и бањањето без гаќи треба да биде меѓу вашите четири ѕида, во када, под туш, во базенот дома (ако баш морате).

Така ќе ги научите децата дека постои разлика измеѓу туширањето и бањањето од летното брцкање во вода и секако ќе стекнат добри навики.“

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg