Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку често треба да ја менувате водата во базенот за деца?

Колку често ја менувате водата во базенот? Дали користите хлор и дали редовно ја филтирате водата? На што треба да внимавате кога ги полните базените за да го заштите сопственото и здравјето на своите деца?

kolku-chesto-ja-menuvate-vodata-vo-bazenot-za-deca-i-kolku-chesto-treba-da-go-pravite-toa-01.jpg

Малите базени на дување и монтажните базени за во двор се идеални за семејствата со деца. Во текот на целото лето можете да ги разладите дечињата и да им овозможите да се забавуваат надвор и кога е премногу топло.

Но, тука се поставува прашањето колку често треба да се менува водата во овие базени?

Малите базени се полнат брзо, затоа што не зафаќаат преголема површина, но кога станува збор за поголемите базени некогаш ви требаат и по неколку часа полнење за да обезбедите доволно количество вода и секако, заради тоа честопати сметаме дека водата не треба да се менува секој ден, но дали е така?

Ако сметате дека е доволно само да го прекриете базенот со прекривка за да го заштитите од надворешни нечистотии, тогаш се лажете.

kolku-chesto-treba-da-ja-menuvate-vodata-vo-bazenot-za-deca-04.jpg

Магазинот The Sun разговара со експертот за чистење Иван Иванов за тоа колку често терба да се менува водата во базените за деца.

Според него сите треба да бидеме подеднакво свесни дека во летниот период ширењето на бактериите се одвива многу побрзо, а со тоа ширењето на опасни заразни болести станува почесто.

„Ако имате мал базен на дување потребно е да го празните секој ден за да бидете сигурни дека во него нема бактерии. Имајте предвид дека во овие базени не можете да ставате хлор и други хемикалии за да ги прочистите“ – вели тој.

kolku-chesto-treba-da-ja-menuvate-vodata-vo-bazenot-za-deca-02.jpg

Според него, водата треба да се менува веднаш штом ќе забележите нечистотии и треба да бидете свесни дека бактериите и вирусите не се гледаат со голо око.

Доколку пак имате поголем базен тогаш во него треба редовно да додавате хлор и водата постојано треба да се филтрира.

Притоа треба да имате предвид дека филтерот може да се затне по што ќе биде потребно веднаш да го испразните базенот.

„Се чини тешко, но ќе се спасите од поголеми проблеми во иднина. Откако ќе го исчистите филтерот можете повторно да го наполните базенот“ – вели тој.

kolku-chesto-treba-da-ja-menuvate-vodata-vo-bazenot-za-deca-03.jpg

Секој произведувач има точно определени упатства за тоа колку и како треба да се користат хемикалиите и средствата за прочистување, а доколку имате поголем базен тогаш запомнете дека водата и покрај тоа што редовно ја филтрирате, мора да ја промените на секои две недели.

Доколку не додавате хлор во водата, тогаш базенот треба да се испразни по 1 или 2 дена, затоа што без заштита од средство за прочистување ова е сосема доволен период за да се развијат опасни бактерии штетни по човечкото здравје.

По празнењето на базенот истиот треба да се пребрише со средство за дезинфекција што е безбедно и не ја иритира човечката кожа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg