9 погрешни верувања со кои растат емоционално запоставените деца (а не се вистина)
Погрешно верување: Сами сте на светот. - Како дете, потребно ви е чувството дека вашите родители ви го чуваат грбот, без разлика што и да се случи. Но, ако постојано се зафатени кога ќе им побарате помош, несвесно ве учат дека сте сами на светов и немате на кого да се потпрете.
Да се расте како емоционално запоставено дете е навистина тешко и тоа си го зема својот данок и во подоцнежниот живот.
Кога како дете никој не ги забележува доволно вашите емоции и потреби, вие добивате порака дека тие се неважни и се водите од тоа во текот на животот.
Емоционално запоставените деца растат верувајќи во многу работи, кои всушност не се вистина.
Во што веруваат eмоционално запоставените деца:
Не е добро да се биде премногу среќен или премногу тажен
Како дете природно е да имате интензивни емоции, од тоа да сте неверојатно среќни во еден миг до интензивно фрустрирани во наредниот и потребно ви е некој да ве научи како да ги разберете своите емоции и да раководите со нив, но ако родителите тоа не го направат, тогаш вие ќе мислите дека треба да ги поттиснете.
Ти си пречувствителен/а.
Како дете природно е да ве вознемируваат разни работи и родителот треба да ве научи како да се справувате со работите што ве повредуваат, а не да ве учи дека вашите емоции се слабост.
Твоите потреби и желби се неважни.
Како дете имате потреби како и сите други деца и постојат работи кои вам ви се важни. Некој треба да се заинтересира за вашите потреби за вие да почувствувате дека сте важни, а ако никој не се интересира за тоа, тогаш ќе добиете чувство дека не се.
Зборување за некој проблем непотребно ќе ги разлути луѓето.
Како растете имате проблеми, и тоа со училиштето, пријателите или браќата/сестрите. Вам ви е потребно да можете да зборувате отворено со своите родители, но ако тие не знаат да се справат со тоа, вие ќе почнете да ги криете своите проблеми и да ги таложите во себе.
Плачењето е слабост.
Сите луѓе плачат и тоа со причина – плачењето е начин за процесирање и ослободување од емоциите. Во ред е да знаете дека плачењето е во ред и дека нема потреба да се срамите од солзите.