Најчестите грешки што ги прават родителите кога дизајнираат соба за нивните деца

Не ја земате превид неговата возраст и во собата нема катче каде што детето ќе може да ја покаже својата креативност.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca01.jpg

Сигурни сме дека кога ја правите собата на вашето малечко, сакате да му го овозможите најдоброто.

Но, многу родители настојуваат да прават одредени грешки, само затоа што не помислуваат на некои детали.

Кои се најчестите грешки што треба да ги избегнувате?

Не ја земате предвид возраста на детето

Потребите, но и вкусовите на децата зависат од нивната возраст. Ако, на пример, средувате соба зa 5-годишно дете, имајте предвид дека би требало да може самото да допре до неговите играчки, но и да може да ги врати на место.

Генерално, постојат многу ситници поврзани со возраста на кои е добро да обрнете внимание.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-02.jpg

Одбирате погрешна завеса

Од голема важност е вашето малечко да научи да спие во темница бидејќи на овој начин ќе се намали ризикот од појава на проблеми со спиењето.

Kога е темно, телото полесно лачи мелатонин – хормон кој го регулира спиењето. Па, препорачливо е да ставите темна завеса, особено ако живеете на место кое е многу осветлено навечер.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-03.jpg

Не го користите просторот под креветот

Просторот под креветот е идеално место за складирање играчки. Денес лесно можете да најдете кутии кои одлично ќе се вклопат во ентериерот, а притоа ќе бидат практични.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-04.jpg

Ставете „мебел за возрасни“

Ако правите соба за многу мало дете, логично е да планирате однапред и да сакате да ставите поголем кревет или мебел што ќе му треба кога ќе порасне.

Но, во овој случај подобро почекајте додека детето да порасне малку. Сепак, неговата безбедност е најважна, а мебелот со остри работи и слично може да биде опасен.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-05.jpg

Ја трупате собата со играчки

Нема потреба да ја преполните собата со играчки бидејќи детето сигурно нема да си игра со сите.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-06.jpg

Не ги користите ѕидовите

Полиците се одличен начин да додадете место за складирање во собата без да зафаќате од останатиот простор.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-07.jpg

Не оставате простор за креативност

Важно е вашето дете да има можниот да ја покажува неговата креативност. Па, осигурете се дека ќе му обезбедите катче за тоа.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-0.jpg

Го заборавате огледалото

Можеби мислите дека на вашето мало дете не му треба огледало бидејќи не се грижи за својот изглед. Но, огледалото може да биде навистина забавен предмет за децата, да ја разгори нивната љубопитност, па дури и да му помогне во развојот.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-koga-dizajniraat-soba-za-nivnite-deca-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg