Една работа која најмногу ги нервира жените во бракот (а голем дел од мажите ја прават)

„Жените се жалат дека нивните сопружници секогаш чекаат да им се каже што треба да направат во домот“ – тврди една советничка за бракови од САД. Што најмногу ги излудува жените во бракот?

ne-sakam-da-mu-kazham-shto-treba-da-pravi-tuku-sam-da-se-seti-na-shto-najmnogu-se-zhalat-zhenite-vo-brakot-01.jpg

Корин Волер е советничка за бракови од Минестота, САД, а редовно објавува видеа во кои дава совети за тоа кои се најголемите проблеми со коишто се соочуваат сопружниците во брачната заедница.

Според неа, првото прашање што треба да си го поставите е дали земате пасивна или активна одговорност за работите што треба да се направат во домот.

ne-sakam-da-mu-kazham-shto-treba-da-pravi-tuku-sam-da-se-seti-na-shto-najmnogu-se-zhalat-zhenite-vo-brakot-03.jpg

Нејзиното видео го погледнале над 1.5 милиони луѓе, а во него таа вели дека најчесто жените што доаѓаат кај неа се жалат дека нивните сопружници секогаш чекаат да им се каже што треба да направат дома.

„Спротивно на ова, жените бараат партнер што активно е вклучен во домот и во одгледувањето на децата и да не чекаат сопругата да им каже што треба да направат“ – вели таа.

ne-sakam-da-mu-kazham-shto-treba-da-pravi-tuku-sam-da-se-seti-na-shto-najmnogu-se-zhalat-zhenite-vo-brakot-02.jpg

Таа појаснува дека постои разлика помеѓу активната и пасивната одговорност кога станува збор за водењето грижа за домот и за одгледувањето на децата.

Активната одговорност подразбира да разгледате во домот и да видите што би можеле да завршите и да преземете одговорност за тоа што треба да се направи.

Пасивната одговорност би значела дека можете да помогнете, но чекате некој да ви каже што треба да правите“ – вели таа.

@corrinthecounselor Passive Responsibility vs Active Responsibility #relationships #therapy #ThatCloseMessenger #marriage #IDeserveTuitionContest ♬ original sound - Corrin Voeller

Нејзиното видео привлече голем број коментари во кое жените се согласни дека ова навистина е проблем со кој и тие самите се соочуваат. Дел од мажите што го погледнале видеото, пак, велат дека ако само тие работат, од нив не треба да се очекува да помагаат по дома.

Дел од реакциите на мажите и женитe:

„Му реков на сопругот дека ако ги извршува задачите на работа така како што ги прави по дома, веќе ќе беше отпуштен“.

„Јас сум благословена затоа што сопругот, без разлика на тоа колку часа и да работел тој ден, кога ќе си дојде ќе ме праша ‘Да не треба нешто да ти помогнам?’.“

„Да се случува, и не може да сфати дека мене ќе ми значи многу повеќе ако не мора да го замолам да ми помогне.“

„Јас сум пасивно одговорна личност, но само јас сум вработен во домот. Сметам дека не е фер да се очекува да ги извршувам и домашните обврски, нели?“

Ова се дел од коментарите од луѓето што го погледнаа видеото.

Што мислите вие? Дали мажите вообичаено се пасивни или активни и дали тоа што само тие одат на работа ги ослободува од домашните обврски?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg