Двојни стандарди со кои се соочуваат мајките и татковците дури и во 21-ви век, низ илустрации
Мајката треба да седи дома и да се грижи за детето, а таткото не смее ни да помисли за породилно отсуство – двојните стандарди за мајките и татковците се честа појава, дури и во модерното општество.
Порано улогите на мажите и на жените биле поделени. Всушност, во не толку дамнешно минато, жените немале ни исти права како мажите.
Иако денес ова се менува и општеството почнува да сфаќа дека мажите и жените се еднакви, кога станува збор за родителството, на некои луѓе уште им е тешко да прифатат некои работи.
Некои уште веруваат дека некои обврски се само на мајката, а други само на таткото. Па, и мажите и жените се соочуваат со критики поради ова.