Сè повеќе жени сакаат да бидат „кул тетка“, наместо да имаат свои деца

„Најверојатно никогаш нема да бидам мајка. Но, знаете што ќе бидам? Кул, сингл богата тетка која изгледа младешки и има втор дом во Италија.“ Што мислите вие за овој тренд?

se-povekje-zheni-sakaat-da-bidat-kul-tetka-namesto-da-imaat-svoi-deca-02.jpg

Околу мене има многу жени кои се задоволуваат со улогата на „кул тетка“, на децата од своите браќа или сестри, и немаат желба да имаат свои деца, a oколу вас? Улогата на „кул тетка“ како да стана тренд во светот, но и кај нас.

На овој начин на овие жени им е задоволена потребата за дружба со дечиња, но од друга страна ја задржуваат својата независност и животен стил.

Посветени се на кариерата, на инвестирање во недвижнини, купување нов автомобил, одмори со партнерот, патувања од секаков тип, мода и што уште не.

se-povekje-zheni-sakaat-da-bidat-kul-tetka-namesto-da-imaat-svoi-deca-02.jpg

И, се разбира, кога се слободни времето го минуваат со своите внучиња, се полнат со енергија и љубов од нив и трошат пари на нив.

„Најверојатно никогаш нема да бидам мајка. Но, знаете што ќе бидам? Кул, сингл богата тетка која изгледа младешки и има втор дом во Италија“, вели една од девојките на ТикТок, која за себе избрала ваков животен стил.

@peytondkleinn my dream #fyp #foryou #MakeMomEpic #milf #coolaunt #italy ♬ Main Titles (Charlie and the Chocolate Factory) - Danny Elfman

На изборот на живот без деца често влијае и финансиската состојба, односно некои жени сметаат дека не можат да си дозволат да имаат деца, други пак сакаат да ги искористат можностите, кои можеби нема да ги имаат на 50 години, и да го искористат времето за создавање на богатство.

Плус, овој тип на живот подразбира и повеќе сон и чист дом.

На ТикТок дури има и цело движење под хаштагот #auntielife, каде жени без деца прикажуваат како изгледа нивниот живот, односно како уживаат во безгрижноста додека љубов црпат од нивните внуци.

se-povekje-zheni-sakaat-da-bidat-kul-tetka-namesto-da-imaat-svoi-deca-03.jpg

Тие нагласуваат дека си го сакаат животот таков каков што им е и сакаат да имаат слобода да ги следат своите страсти во животот и да имаат време за себе.

Имањето внуци им го дава најдоброто од двата света – односно независност и семејство.

„Ја обожавам улогата на тетка затоа што немам обврска да ги учам внуците како да бидат добри луѓе во овој променлив и застрашувачки свет. Само им давам љубов и го добивам тоа за возврат од нив. Едвај чекам кога ќе бидат поголеми да ми се доверуваат и да им давам совети од моите искуства, но само затоа што сакам, а не затоа што морам“, вели една од овие жени.

Што мислите вие за овој тренд? Дали улогата на тетка може да ја донесе дозата љубов во животот која ја носи улогата на мајка, во случај кога станува збор за личен избор (а не за неможност)?

Повеќе такви сведоштва:

@wreckitren98 #auntielife #hotaunt ♬ Bongo cha-cha-cha - Remastered - Caterina Valente

@kelseywilliams60 Holidays are coming up so we getting ready for this famous question #aunt #auntielife #boyaunt #fy #fyp #foryou #foryourpage #love #toocute #single ♬ original sound - TeeMoneyyyyy93

@hannah.montoya my life goal #pov #comedy ♬ Deceptacon - Thisisnotarlynn

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg