„Имам 34 години, очајно сакам деца, но страв ми е и немам доволно финансии за да се осмелам“
„Сакам да имам дете, но чекам затоа што сум исплашена. Покрај финансиите, проблем е и тоа што никој од мојот близок круг нема мали деца, па чувствувам дека не сум добра со деца и се плашам дека ќе бидам лоша мајка...“
Шивани Арора (34) од Лондон вели дека сака да има деца, но дека се плаши многу затоа што смета дека нема доволно финансии за тоа.
Таа е во брак 5 години со нејзиниот сакан Кунал (34).
Стравот ја парализирал и стопирал во реализирањето на сонот да има деца и е уште една од низата жени во 30-тите години од животот кои не се осмелуваат да имаат потомство.
„Сакам да имам дете, но чекам затоа што сум исплашена. Покрај финансиите, проблем е и тоа што никој од мојот близок круг нема мали деца, па чувствувам дека не сум добра со деца и се плашам дека ќе бидам лоша мајка. Исто така, ме плаши и породувањето, односно болката од него и ризикот дека нешто може да тргне на лошо.
Сопругот ми е поддршка, но од друга страна свесна сум дека како стареам, така можните ризици при бременоста се уште поголеми.
Полнам 35 години за неколку месеци и не сакам да чекам предолго и потоа да бидам престара и да не можам да имам дете. Ме грижи помислата дека до мигот додека јас почнам да се чувствувам подготвено, можно е да не успеам да забременам.“
Шивани и Кулан се запознале пред 15 години, а се венчале во ноември 2016 година.
Иако двајцата се на одлични работни позиции, Шивани вели дека голема грижа им се и финансиите.
„Сега сме во процес на купување на дом затоа што не сакаме да го растеме нашето дете во изјамен стан. Во Лондон домовите се прескапи и чекаме да имаме доволно финансии за детето да можеме да го растеме квалитетно со сè што му е потребно.“
Што мислите вие за ставот на Шивани? Дали навистина треба да чекаме совршени услови или едноставно треба да се одлучиме да имаме деца, а работите потоа сами полека ќе си дојдат на свое место?
Каква беше или каква е вашата ситуација?
С. С. | Црнобело