Застарени очекувања за мајките и татковците кои треба да ги заборавиме, низ илустрации
Ако некое дете заплаче во јавност не значи дека има лоши родители кои не го воспитале. Децата се само деца и нереално е да се очекува да не пуштат глас, без разлика како ги воспитале родителите.
Времињата се менуваат, а со тоа и нашите верувања. Ова е можеби најизразено кај улогите на мажот и жената, односно мајката и таткото. Постојат безброј застарени верувања за тоа што треба да прави мајката, а што таткото.
За среќа, светот станува свесен дека многу од овие верувања не се воопшто релевантни и се нереални, па со текот на времето се искоренуваат.
Дел од овие верувања, низ илустрации:
Некогаш: Таткото треба да биде строг и да покажува авторитет, а никако емоции.
Денес: Исто како мајките, и татковците треба да ги покажуваат емоциите кон децата и да создадат конекција со нив.
Некогаш: Мајката треба да се грижи единствено за детето и да заборави на излегување и дотерување додека тоа да порасне.
Денес: Секоја жена има право да излезе, да се дотера и да се разгали, без разлика дали е мајка.
Некогаш: Грижата за детето е само обврска на мајката бидејќи таткото треба да работи.
Денес: Најчесто и двајцата родители работат, па треба подеднакво да учествуваат во грижата за детето .
-->
-->
Некогаш: Препорачливо е жената да се породи „природно“, односно без царски рез.
Денес: Постојат многу причини за породување со царски рез и мајките не треба да бидат осудувани за тоа.
-->
Некогаш: Мајката мора да го дои бебето по секоја цена.
Денес: Постојат и многу причини зошто една мајка не сака да дои, а ние не сме должни да ѝ кажуваме што да прави.
Некогаш: Мајката не смее да покаже ниту една негативна емоција и секогаш треба да биде расположена.
Денес: Мајката е само човек и не треба да ги крие негативните емоции или да се срами од нив.
Некогаш: Малите деца не смеат да пуштат глас во јавност, уште помалку да плачат, бидејќи тоа е знак дека се невоспитани.
Денес: Дури и највоспитаните деца можат да заплачат во јавност бидејќи сепак се само деца.
Некогаш: Штом парот ќе добие дете, треба да заборави на сè останато, па одењето на вечера, излегувањето и патувањата не доаѓаат предвид.
Денес: Родителите не само што можат, туку и препорачливо е да одвојуваат време само за нив двајцата, настрана од децата.
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк...
„Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“
„Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“
Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца
Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“
„Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете
„Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...