Идеи за несекојдневни првоаприлски маски за деца - може да ги направите дома (фото)
Што сакаш да бидеш за „1-ви Април“ – пожарникар, астронаут, сапуница за балончиња, полжав... Погледнете повеќе идеи за несекојдневни маски за Денот на шегата што можете да ги изработите сами, а за кои нема да потрошите многу пари.
Денот на Шегата - Први Април е пред нас, а со тоа доаѓа и вечната дилема: „Во што ќе ги маскирате најмалите?“
На овој ден најмногу се радуваат дечињата кои со нетрпение очекуваат да се маскираат во некој од своите омилени цртани јунаци, но и повозрасните кои имаат можност барем на еден ден да се опуштат и да бидат деца.
Ова е денот на безопасните шеги и „местенки“ кои имаат за цел да нѐ насмеат.
Иако продавниците се полни со костими и маски, сепак некои родители се покреативни и сакаат да посветат повеќе време и внимание за на своето дете да му направат уникатна маска што ќе се разликува од сите други.
Доколку и вие сте од оние што сакаат да направат уникатни костими и маски за Денот на шегата, во продолжение погледнете повеќе фотографии со идеи за маски што можете да ги изработите од дома.
Голем дел од нив се направени од рециклирани материјали, па така нема да имате потреба да одвоите премногу пари за нивна изработка.