„Мојот 6-годишен син останува буден до 1 часот по полноќ - ме нарекуваат лоша мајка“
„Не се согласувам со советите од други родители кои ми велат да му направам рутина на мојот син и секоја вечер да си легнува во 20 или 21 часот. Тој расте и одлучувањето сам кога треба да си легне е дел од растењето. Сакам да биде способен да го разбере своето тело.“ Се согласувате ли?
Хејли Мари Амброуз (34) од Велика Британија е мајка на 6-годишно дете, која вели дека луѓето се случува да ја наречат лоша мајка поради нејзиниот став околу рутината за спиење на синот.
Таа вели дека нема правило кога нејзиниот син треба да си легне, односно дека тој самиот одлучува кога му е време за во кревет.
„Мојот син Лиланд учи од своите сопствени грешки, не сакам да го воспитувам како другите родители, затоа што не ми се допаѓа кога родителите растат деца кои не знаат да размислуваат со своја глава.“
Хејли е самохрана мајка која вели дека не сака да има секојдневни битки со синот кога да си легне, туку му дозволува само да одлучи, дури иако тоа понекогаш да значи легнување во 1 часот по полноќ за време на викендите или на полноќ за време на работните денови.
Таа вели дека сака да го натера сам да сфати дека треба да се грижи за себе и за тоа да се чувствува добро и да научи на своја кожа дека ако не си легне рано ноќта пред училиште, следниот ден ќе биде уморен на училиште.
„Не се согласувам со советите од други родители кои ми велат да му направам рутина и секоја вечер да си легнува во 20 или 21 часот. Тој расте и одлучувањето сам кога треба да си легне е дел од растењето. Сакам да биде способен да го разбере своето тело.“
Некои родители се согласуваат со Хејли, додека други ја осудуваат... Каков е вашиот став?
С. С. | Црнобело