„Сакав да бидам забавна мајка и сега хаосот од мојата бања не се чисти“

Дали и вашите деца сакаат да цртаат секогаш и секаде? Им дозволувате ли тоа да го прават на одредени површини во домот? Една мајка од Калифорнија се пожали на темата...

sakav-da-bidam-zabavna-majka-i-sega-haosot-od-mojata-banja-ne-se-chisti-01.jpg

Кит Роуз Реган од Калифорнија е мајка на 2 деца, која на социјалните мрежи споделува детали од својот семеен живот.

Во последната објава на ТикТок таа се жали како сакајќи да биде забавна мајка си предизвикала проблем, кој сега не може да го реши.

View this post on Instagram

A post shared by CAIT (@caitregan_)

За нејзиното поголемо детенце да се забавува и да ужива таа му купила мрсни бои кои наводно лесно се чистат и му дозволила да црта во бањата на плочките и кадата.

View this post on Instagram

A post shared by CAIT (@caitregan_)

Но, непријатното изненадување дошло потоа кога сфатила дека боите кои треба да се лесни за чистење, не се воопшто такви.

„Мислев дека ќе бидам забавна мајка ако му дозволам да црта и дека потоа лесно ќе ги измијам неговите ‘уметнички дела’ со топла вода, но не беше така и сега мојата када изгледа вака...“, се пожали таа.

sakav-da-bidam-zabavna-majka-i-sega-haosot-od-mojata-banja-ne-se-chisti-03.jpg

sakav-da-bidam-zabavna-majka-i-sega-haosot-od-mojata-banja-ne-se-chisti-02.jpg

Нејзините следбеници ѝ дадоа низа коментари за поддршка и самите се пожалија дека многупати имале проблем со отстранување на уметничките дела на нивните деца од различни површини во домот.

Дали и вашите деца сакаат да цртаат секогаш и секаде? Им дозволувате ли тоа да го прават на одредени површини во домот?

@caitregan

never trust an amazon purchase ?‍? hahaha love this for me

♬ original sound - caitregan

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg