Чести родителски грешки поради кои децата се претвораат во „детинести“ возрасни личности

Не можете да очекувате 4-годишно дете да мие садови, но сигурно знае да си ги собере играчките. Важно е постепено да го учите детето на одговорност и во зависност од возраста да му давате некои домашни обврски.

chesti-roditelski-greshki-poradi-koi-decata-se-pretvoraat-vo-detinesti-vozrasni-lichnosti-01.jpg

Начинот на којшто го воспитувате вашето дете и односот што го имате со него неретко се пресудни за неговиот карактер и тоа каква личност ќе биде кога ќе порасне.

Вредностите на коишто ќе го научите најверојатно ќе ги негува целиот живот, па навистина е важно што правите и како се справувате со одредени ситуации со вашето дете.

7 грешки што треба да ги избегнувате ако не сакате вашето дете да се претвори во „детинеста“ возрасна личност:

Им давате преголема слобода

Треба да ги земате предвид желбите на вашето дете, но не треба да им дозволувате буквално сè. Дозволете им на децата самите да прават некои избори, но истовремено вие правете ги поважните.

На пример, слободно дозволете му на детето да одбере која блуза сака да ја носи или каква торта сака за роденден. Но, кога станува збор за здрава исхрана, распоред на спиење, учење и слично, покажете авторитет.

chesti-roditelski-greshki-poradi-koi-decata-se-pretvoraat-vo-detinesti-vozrasni-lichnosti-02.jpg

Го ослободувате од сите домашни обврски

Не можете да очекувате 4-годишно дете да мие садови, но сигурно знае да си ги собере играчките.

Важно е постепено да го учите детето на одговорност и во зависност од возраста да му давате некои домашни обврски.

chesti-roditelski-greshki-poradi-koi-decata-se-pretvoraat-vo-detinesti-vozrasni-lichnosti-03.jpg

Вие му ги решавате сите проблеми

Јасно е дека во овој случај имате најдобра намера, но со некои проблеми детето треба да се справи само.

Во ред е да побара совет од вас и вие да му го дадете, но немојте да му ги решавате сите проблеми.

Ако извади ниска оценка, немојте да се расправате со наставникот, туку речете му на детето да учи и поправи.

Ако му се налутил некој пријател поради лошо однесување, немојте да се мешате и кажете му на детето да разговара, да се извини или да побара извинување, зависно ситуацијата…

chesti-roditelski-greshki-poradi-koi-decata-se-pretvoraat-vo-detinesti-vozrasni-lichnosti-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg