Чести родителски грешки поради кои децата се претвораат во „детинести“ возрасни личности
Ги исполнувате вашите амбиции преку детето
Немојте да ги наметнувате вашите желби и неисполнети амбиции на вашето дете. Дозволете му тоа да одбере дали сака да игра фудбал, да свири инструмент или да биде врвен гимнастичар.
Ако постојано ги наметнувате вашите амбиции и очекувате премногу, детето ќе стане „зависно“ од вашето одобрение и признание и целиот живот ќе се обидува да ги исполни вашите очекувања.
Не го учите на финансиска одговорност
Дури и ако можете да му купите буквално сè на вашето дете, не значи дека треба да го направите тоа.
Научете го детето да се однесува одговорно со парите – уште подобро ако го носите и на пазарење со вас каде што ќе купите само тоа што ви е потребно, односно ќе го избегнете импулсивното купување.
Можете и да му купите касичка на детето и да му покажете како да штеди за работите што сака да си ги купе.
Поважна ви е интелигенцијата отколку трудот
Децата генијалци се вистинска реткост и не треба да го очекувате тоа од вашето дете.
Кога учи нешто, не се фокусирајте на тоа колку време му е потребно, туку колку труд вложува.
Некои деца можат да се подготват за тестот по математика за само еден ден, но на некои ќе им треба и цела недела.
Бидете реалистични во врска со интелектуалните способности на вашето дете и не го форсирајте да исполнува невозможни цели.
Во спротивно, само ќе создадете револт кај него и ќе го демотивирате да направи нешто друго.
Го карате и казнувате за најмалите грешки
Како и сите деца, и вашето ќе прави грешки. Во овие ситуации пробајте да не го казнувате детето, туку помогнете му да ја научи лекцијата од неговата грешка.
Спирова С. | Црнобело