Електричен автомобил, пушки - Играчки кои децата ги сакаат, но не се најдобар избор за нив
Секој родител се обидува да го најде најдобриот начин за растење и воспитување на своето дете, а играчките се една од првите работи со кои детето се среќава со таа цел. Но, како да ги одвоите едукативните и забавните од оние кои не се баш најдобар избор?
Неопходно е детето да се развива психолошки, социјално, ментално и емоционално уште од најрана возраст, а во тоа може да му попречат:
1. Играчките со екрани – Иако технологијата е супер развиена, не се препорачува изложување на детето пред екрани до 2-годишна возраст. Потоа, времето поминато пред таблет или телефон е 1-2 часа дневно.
2. Самоподвижни играчки и возила – Моториката тешко се развива кога детето само седи. На дечињата им требаат минимум 60 минути физичка активност во денот.
3. Автомобили на далечински управувачи – Не се препорачуваат бидејќи не ја развиваат фантазијата на детето, не го предизвикуваат ментално и нема креативно размислување во оваа игра.
4. Пушки и оружја од пластика – Играта не би требало да повреди никого, а тоа тешко се учи кога детето во рака држи пиштол или меч. Овие играчки имаат опасност да ја нормализираат агресијата кон другите дечиња.
5. Играчки со токсични состојки – Убаво проверете ги сите пластелини и лепливи смеси, како не би дошло до нарушување на здравјето и иритација на очите, грлото и кожата.
6. Играчки кои се вклучуваат во струја – Односно, сите играчки кои имаат кабли, не се препорачуваат за дечиња до 8-9 годишна возраст.
7. Прегласни играчки – Иако звуците се примамливи, ако се репетитивни и гласни, му пречат на детето. Водете се по правилото – ако вам ви е пријатна музиката која ја испуштаат, тогаш ќе му биде и на детенцето.
М. Д. | Црнобело