„Одлучив да немам деца, сега имам над 50 години – зошто не се каам за одлуката?“

„Имам 57 години и немам деца. Верувам дека ќе бев лоша мајка. Јас сум интроверт и ја гледам сестра ми како некој постојано од неа бара нешто – храна, внимание, играчка и постојано ја довикува и ми се потврдува одлуката дека јас не сум за тоа.“ „Никогаш немав желба да менувам пелени или да бидам ненаспана и да немам време и пари.“, „Отсекогаш родителството ме асоцираше на затвор“, се дел од искрените исповеди на луѓе над 50 години, без деца.

odluchiv-da-nemam-deca-sega-imam-nad-50-godini-zoshto-ne-se-kaam-za-odlukata-01.jpg

Често се случува кога одредена личност или пар ќе кажат дека одлучиле во животот да немаат деца да бидат нападнати поради одлуката.

Но, на крајот од денот реално секој има право да избира што ќе прави во животот и како сака неговиот живот да изгледа.

На Reddit луѓе над 50 години отворено пишуваат зошто ја донеле одлуката да немаат деца и дали се каат за тоа.

Нивните искрени исповеди:

„Го знаете она чувство кога едвај чекате да го научите вашето дете да игра фудбал или што и да сакате да споделите со него... Јас го немам тоа. Ова всушност е недостиг од родителски инстинкт.

Никогаш немав желба да имам деца и не се каам воопшто за одлуката. Не ме сфаќајте погрешно, немам ништо против деца и лут сум им на луѓе кои ги повредуваат или не ги третираат добро, едноставно никогаш не сакав и не сакам да имам свои деца.“

„Имам измешани чувства. Никогаш не се грижев за тоа со партнерот да имаме деца и мислам дека ќе беше катастрофално ако имавме, не знам дали ќе се снајдевме со сите обврски.

Постигнав неверојатни професионални успеси и мислам дека тоа немаше да се случи ако имавме деца. Па, така што да, тоа беше правилна одлука. Но, не е дека на моменти не се прашувам како ќе беше да имав деца и да ги научам на дел од работите што ги знам.“

„Со сопругата одамна избравме да немаме деца. И луѓето често ни пристапуваат со прашања од типот кој ќе ве чува кога ќе остарите или што ако нешто му се случи на твојот партнер што ќе правиш сам/а... Без осуда, но отсекогаш сметав дека ова се себични причини за да имате деца.“

„Не жалам што немав деца, но жалам што никогаш не бев во доволно здрава врска за да почувствувам дека можам да имам деца.

Жалам што не бев доволно силна за да ја напуштам токсичната врска. Да бев, можеби подоцна ќе го имав изборот за деца.“

„Воопшто не се каам. Со сопругот запознавме прекрасни пријатели и го видовме светот.“

„Кога стапив во брак со сопругот тој веќе имаше две деца и знаев дека нема да имаме, затоа што беше многу постар од мене.

Но, за нас тоа функционираше и 26 години подоцна имам 9 внучиња. Односно ја имам забавата, без напорната работа - растењето на деца.“

Уште 5 исповеди на следната страна...



Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg