„Не си играм со ќерка ми (2), па ме нарекуваат мрзлива мајка - зошто го правам тоа?“
„Мислам дека ние родителите чувствуваме грижа на совест затоа што не сме константно во интеракција со нашите деца, не ги стимулираме константно и не ги учиме константно. А една од најважните работи што ги научив јас е дека клучната работа за децата е да си играат...“ Си игра ли вашето дете само или вие играте со него?
Кристин Сомер (28) од Австралија работи како експерт за детски развој, но некои од нејзините техники наидуваат на осуда.
Таа е мајка на 2-годишната Сиена, за која вели дека ѝ дозволува сама да си одрреди кога ѝ е време за спиење, плус вели дека практика ѝ е најчесто да ја остава да си игра сама.
Кристин за магазиниот TheSun вели дека на тој начин има можност да се релаксира со шолја кафе додека нејзината ќеркичка си игра сама и си го развива мозокот притоа.
„Мислам дека ние родителите чувствуваме грижа на совест затоа што не сме константно во интеракција со нашите деца, не ги стимулираме константно и не ги учиме константно. А една од најважните работи што ги научив јас е дека клучната работа за децата е да си играат, и тоа не мора да играат со некој, туку сами.
Ако бараат, се разбира играјте со нив. Кога се бебиња навистина имаат потреба од вас. Но, кога малку ќе пораснат играњето е нивно искуство и начин на учење.
Многу родители чувствуваат вина дека не си играат доволно со децата, но понекогаш помалку посветувањето на време може да му помогне на мозокот на детето, затоа што тој станува креативен, си смислуваат игри сами и така напредуваат.
Со вмешувањето во игрите на детето постојано, вие му ја намалувате креативноста. Се обидувате да го водите во тој процес, наместо самото да го прави тоа.
Особено ако станува збор за игри без ризик, нема потреба да му покажувате како да игра, туку оставете го тоа да го прави на свој начин. Ќе експериментира и тоа ќе му го збогати искуството.
Плус, ова е најефикасен начин за да си креирате простор за себе, па да се напиете нешто или да прочитате книга или едноставно да се смирите. Ќе имате простор да одморите, додека вашето дете се учи да игра. И тоа не ве прави мрзливи родители, иако некои луѓе знаат мене да ме осудат како мрзлива мајка.“
Што мислите вие за ставовите на Кристин? Се согласувате ли со оваа тактика?
С. С. | Црнобело