„Сите велат дека си мамин син, како да е нешто лошо – тоа што ме сакаш не те прави мек“
Сите велат дека си мамин син, како тоа да е нешто лошо. Се смеат и се шегуваат и даваат коментари дека те правам многу нежен. Велат дека е негативна особина ако мажот отворено ги покажува сопствените емоции. Но, сакам да знаеш дека нема ништо лошо во тоа.
Мое слатко, бесценето момче,
Љубовта за твојата мајка нема крај.
Уште од самиот почеток си залепен за мене; јас сум твојата безбедносна мрежа во овој чуден свет.
Кога си тажен, ме бараш мене.
Со искривена уста и наведната глава се муртиш и ги кажуваш сопствените фрустрации, а само јас можам да те разберам.
Кога ќе надојдат солзите, по сударот на твоето главче со масата во кујната, твоите мали ножиња веднаш трчаат во мојата прегратка.
Те стискам силно и те опсипувам со бакнежи во надеж дека некако ќе успеам да ти ја намалам болката.
Кога си уморен, ми ја земаш раката, ме гледаш нежно и ми велиш: „Спиеме мама… Нанам“, и веднаш трчаме по скалите до твоето креветче, каде се гушкаме и си велиме „Те сакам“ сè додека твоите големи кафеави очи не се затворат мирно во сон.
Сите велат дека си мамин син, како тоа да е нешто лошо.
Се смеат и се шегуваат и коментираат дека те правам многу нежен.
Велат дека е негативна особина ако мажот отворено ги покажува сопствените емоции.
Но, сега и секогаш сакам да знаеш дека нема ништо лошо во тоа.
Те молам никогаш немој да дозволиш некој да ти каже дека твојата љубов и потреба за мене те прават невреден маж.
Прегратките, бакнежите, убавите зборови секогаш се добредојдени и ценети.
Тие што ти велат поинаку биле индоктринирани со застарената идеја дека мажите не треба да покажуваат емоции, а тоа е смешно и се надевам дека нема да го прифатиш.
Тоа што ја сакаш мајка ти не те прави мек.
Тоа не те прави прекумерно емотивен.
Не ти ја уништува машкоста.
Тоа што ме сакаш значи дека ја почитуваш мојата улога во твојот живот.
Тоа што ти требам значи дека добро си ја вршам задачата на твој заштитник.
Тоа значи дека сум се докажала и добро си ја завршувам најважната работа што Бог ми ја дал.
Мое совршено момченце, твојата љубов е толку слатка и чиста и чест ми е што постојано ми ги даваш твоите лепливи бакнежи.
Живеам во надеж дека тие никогаш, ама никогаш нема да престанат.
Знам дека ќе пораснеш и дека нашите односи ќе се менуваат, но ветувам дека секогаш ќе бидам тука за тебе.
Никогаш не си премногу стар за да ти треба мајка.
Секогаш ќе бидам твоето безбедно место.
Сакам да уживам во овие мигови со тебе колку повеќе можам.
Држи ме цврсто со рачињата и вечерва ќе те прегрнам силно и заедно ќе заспиеме насмевнати.
Затоа што јас ги наоѓам мирот и спокојството во твојот сладок бебешки мирис, а ти секогаш ќе бидеш мамин син.
Извор: Facebook