Како да ја расчешлате детската коса без вриштење и плачење?

Секој родител со детенце кое има малку подолга коса, знае колкава мака е да се среди фризурата, без плачење и врескање.

kako-da-ja-rasceslate-detskata-kosa-bez-vristenje-i-placenje01.jpg

Решенијата се повеќе од едноставни, а никогаш не ви паднале на памет:

1. Внимавајте при шампонирањето – Користете шампон кој помалку пени и помалку тријте ги влакната, како не би ја заплеткале косата премногу.

2. Користете регенератор – Иако се работи за детска коса, не е лошо да користите чист регенератор или некој маска за чувствителна кожа.

3. Чешлајте ја косата од врвовите, па нагоре – На овој начин нема да ги искинете кревките детски влакна, а и ќе избегнете викање.

kako-da-ja-rasceslate-detskata-kosa-bez-vristenje-i-placenje-02.Jpg

4. Исплетете плетенка – Чувањето на детската коса во облик на плетенка е најпаметно. Така ќе избегнете заплеткување, а со тоа влакното полесно се расчешлува кога ќе дојде време.

kako-da-ja-rasceslate-detskata-kosa-bez-vristenje-i-placenje-03.jpg

5. Чешлајте ја косата често – Дури и ако косата ја миете двапати во неделата, четкајте ја повеќепати дневно.

6. Користете спреј за расчешлување – Напрскајте го на четката или чешелот и внимателно расчешлајте (секако одберете производ соодветен за деца).

7. Дополнителна нега – Иако си мислите дека детското влакно нема потреба од маски, капки и спрејови, сепак не е лошо да практикувате дополнителен третман 2-3 пати во месецот ако детето има многу густа и коса склона кон плеткање.

kako-da-ja-rasceslate-detskata-kosa-bez-vristenje-i-placenje-03.jpg

М. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg