„Маж ми не ми помага ништо дома, па си заминав на одмор без да му кажам, ми се налути - дали е во право?“

Многу жени ќе ви кажат дека нивните партнери воопшто не им помагаат со домашните обврски, без разлика што и двајцата одат на работа. Овие мажи очекуваат партнерката да се грижи за сите ситници во домот, а неретко очекуваат и само таа да се грижи за нивното дете.

soprugot-prestana-da-se-grizhi-za-deteto-i-domot-pa-si-zaminav-na-odmor-bez-da-mu-kazham-dali-toa-e-vo-red-01.jpg

Во ваква ситуација се нашла една мајка која решила да ја сподели својата приказна на Редит. Како што вели мајката, и таа и сопругот работеле и иако претходно тој се ангажирал околу домот, сега само спиел или излегувал.

Жената се обидела да му каже дека ѝ треба помош, но тој не обрнал внимание на тоа. Поради ова, жената решила да замине на 4-дневен одмор во нивната викендичка без да му каже на сопругот, но сега тој се налутил.

Нејзината објава во продолжение:

„Јас и сопругот сме заедно 8 години, а се венчавме пред 15 месеци. Имаме 4-годишен син. Изминативе 3 години јас работам од дома – 12-часовни смени, 4 дена неделно.

Тешко е бидејќи сопругот си доаѓа од работа во 1 наутро, 2-3 часа се релаксира и не си легнува до 3 или 4 наутро. Потоа спие речиси цел ден, сè додека не треба да оди на работа. Во слободните денови минува време со мене и со синот, но забележав дека со текот на времето, минува сè помалку и помалку време дома. Претходно знаеше да направи вечера кога е слободен, да се погрижи за синот и да зачисти дома за и јас да можам да здивнам.

Сега воопшто не прави вечера, заспива на каучот до 7 напладне, па јас се грижам за синот 24/7, а тој со недели нема мрднато прст да зачисти дома. Па, моите три слободни денови во неделата ги минувам во темелно чистење на домот бидејќи немам време да направам ништо кога сум на работа“.

soprugot-prestana-da-se-grizhi-za-deteto-i-domot-pa-si-zaminav-na-odmor-bez-da-mu-kazham-dali-toa-e-vo-red-02.JPG

„Пред две недели го замолив да ми помогне. Со задоволство прифати и ми помагаше цели 30 минути, а потоа замина да му помогне на пријателот со автомобилот. Кога се врати дома не правеше ништо бидејќи ’бил изморен‘. Ми требаше одмор. Му го кажав ова. Тој ме утеши со прегратка и ми рече: ’Одлично си ја завршуваш работат‘. Ниту ми помогна, ниту ништо. Па, направив план.

Ја замолив мама да го чува синот на 4 денови и зедов одмор од работа. Вчера го оставив синот кај мама (бидејќи сопругот е на работа) и заминав во нашата викендичка да се релаксирам. Синоќа сопругот почна да ми пишува пораки и да ме прашува каде сум. Му кажав. Ме праша каде е синот, му кажав. Потоа почна да ми зборува како сум била себична и дека ако знаел дека сум изложена на многу стрес сигурно ќе ми помагал повеќе. Ми рече и дека тој бил под многу стрес и бил изморен. Тврди дека мојата комуникација била ужасна и дека требало да бидам поотворена за она што ми треба.

Ми рече дека сум лоша личност бидејќи сум заминала на одмор без него, бидејќи ’и нему му требал одмор‘. Проблемот е што јас директно не му кажав дека ми треба одмор, но му побарав помош. Тој не направи ништо. Сега ме интересира дали навистина сум лоша личност“.

soprugot-prestana-da-se-grizhi-za-deteto-i-domot-pa-si-zaminav-na-odmor-bez-da-mu-kazham-dali-toa-e-vo-red03.JPG

Веројатно претпоставувате дека скоро сите ја заземале страната на жената и ја поддржуваат во тоа што го направила. Повеќето нагласуваат дека воопшто не е лоша личност бидејќи со ова си ја докажала поентата, откако сопругот ги игнорирал нејзините молби.

„Зарем сопругот нема очи? Зарем не гледа дека треба да се чисти и да се готви? Зарем не ги знае потребите на неговото дете? Ако претходно не го гледал ова, можеби сега кога има 4 денови без дете и без сопруга која ќе му чисти ќе ги отвори очите“.

„Тој знае дека треба да ти помага. Знае дека не го правел тоа и знае дека си му кажала. Сега е разочаран затоа што се соочува со последиците од неговите постапки и треба да ти се извини. Не си лоша личност“.

„Дефинитивно заслужуваш одмор од тоа да бидеш самохрана мајка, додека имаш цел сопруг на каучот“.

Нормално, постојат и оние кои не ги оправдуваат постапките на жената, најмногу бидејќи станува збор за комплицирана ситуација која треба да се реши со разговор.

„Сопругот треба да ти помага. Но, не е решение да го оставиш синот кај мајка ти и да заминеш на 4 денови без да му кажеш“.

„Јасно ми е зошто ти треба одмор. Но, не е во ред што ненадејно си исчезнала на четири дена. Не велам дека морало да го поканиш и сопругот, но потребна е комуникација, да му кажеш на сопругот каде си и каде е детето пред да исчезнеш“.

„Очигледно сопругот не се однесува добро, но така да си заминеш без да кажеш збор е лош потег“.

Што мислите вие за целата ситуација?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg