Стрес, финансии, климатски промени – млади луѓе откриваат зошто не сакаат да имаат деца

Финансиските проблеми, наследни болести, стравот и неизвесноста за иднината на планетата изгледа се најчестите причини зошто помладите генерации одлучуваат да немаат деца, барем не во блиска иднина.

stres-finansii-klimatski-promeni-mladi-lugje-otkrivaat-zoshto-ne-sakaat-da-imaat-deca-01.jpg

Сигурно сте забележале дека во последно време младите парови често го одложуваат проширувањето на семејство. Неретко тие одлучуваат и воопшто да немаат деца, а најчесто ова е несфатливо за постарите генерации.

Додека порано беше тешко да најдете пар без деца или пар кој не се обидува да добие деца, денес нештата се менуваат. Но, која е причината за ова?

Неколку корисници на Редит решиле да го споделат своето мислење на оваа тема и да откријат зошто одлучиле да немаат деца, барем не во блиска иднина.

Кои се нивните ставови?

„Имам неизлечлива автоимуна болест и има 20% шанси да му ја пренесам на моето дете. Мислам дека не би можел да си простам ако детето ја наследи мојата болест, особено кога знам колку јас се мачам со неа. Ова е најголемата причина зошто немам деца“.

„Не е дека мразам деца – имам внуци кои многу ги сакам и минувам многу време со нив. Но, тоа значи дека гледам колку е тешка и стресна грижата за деца. Јасно ми е дека некои луѓе го сакаат тоа и сметаат дека вреди, но јас не спаѓам таму“.

„Моите родители беа ужасни кон мене и сметам дека поради тоа јас не знам како треба да се грижам за дете. Мајка ми и татко ми имале лоши родители, па и тие станале такви. Јас сега се обидувам да го прекинам циклусот“.

stres-finansii-klimatski-promeni-mladi-lugje-otkrivaat-zoshto-ne-sakaat-da-imaat-deca-02.JPG

„Не сакам да раѓам и да минувам низ сето тоа. Посвојувањето е долг и скап процес и самата грижа за децата е многу скапа“.

„Сакам деца. Но, неодамна почнав повеќе да истражувам за климатските промени, загадувањето и сите актуелни проблеми. Јас имам 25 години и додека да наполнам 50, мислам дека светот ќе биде многу полошо место за живеење. Зошто би сакала да родам деца во таков свет? Наскоро ќе морам да зборувам за ова со партнерот бидејќи и двајцата сакавме деца, но сега жалам за новите генерации“.

stres-finansii-klimatski-promeni-mladi-lugje-otkrivaat-zoshto-ne-sakaat-da-imaat-deca-03.JPG

„Најголема причина се парите, а и мислам дека би бил многу лош татко“.

„Не сум сигурен дали има иднина за мене, а не па за дете. Сметам дека е себично да се роди дете со сегашната ситуација во светот“.

stres-finansii-klimatski-promeni-mladi-lugje-otkrivaat-zoshto-ne-sakaat-da-imaat-deca-4.JPG

„Јас им бев како родител на четирите помлади браќа и сестри. Сега кога ќе видам дете, едвај чекам да се тргнам настрана. Детството ми помина во грижа за деца и доста ми е од тоа“.

„Имам две деца и многу ги сакам, но некогаш посакував да не ги родев. Без разлика дали станува збор за политички, климатски или економски проблеми, иднината не ми изгледа многу светла за нив. Сега само се обидувам да заработам доволно пари и да можам барем финансиски да им помогнам во овој суров свет“.

„Јас лично не сакам да ја искусам бременоста и тешко ми е да се справам со моите емоции. Не сакам детето што ќе го родам да страда поради моите ментални нарушувања.

Истовремено, децата се голем финансиски товар, а бидејќи поради пандемијата не сум во стабилна финансиска состојба, мислам дека уште долго нема да се чувствувам подготвена за дете“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg