Маж со емотивна исповед: „Пред да се впуштите во врска со самохрана мајка, треба да знаете...“
„Кога си во врска со самохрана мајка, се врзуваш и за децата, а најмногу боли што кога сè ќе се заврши веќе не ги гледаш нив...“ – Тиктокер со солзи во очите откри што му било најтешко од разделбата со самохрана мајка.
Да се биде во врска со самохрана мајка има многу предности, но пред мажите да се впуштат во ова, мора да бидат свесни дека не се приврзуваат само за понежната половина, туку и за нејзините деца.
Тие мали, невини суштества кои се приврзуваат за партнерот на нивната мајка не заслужуваат да бидат изневерени и срцето да им биде скршено повеќепати. Доволно е што нивниот татко веќе не е со нив, па добро би било мажите да го имаат тоа предвид и да не се впуштаат во таква авантура ако не се сериозни и не планираат врската долго да трае.
Но, од друга страна, и на мажите кои се во врска со самохрана мајка не им паѓа лесно разделбата доколку претходно веќе биле приврзани со нејзините деца и ги гледале како свои, иако не се.
На својот ТикТок профил мажот што објавува видеа под псевдонимот noneya 7230, очигледно погоден од последните случувања во сопствениот живот, говореше зошто е тешко да се гледаш со самохрана мајка и кои работи би требало да ги имате предвид.
„Кога станува збор за врските со самохрана мајка, мора да ве предупредам дека не го држите само нејзиното срце во вашите дланки.
Уште пред да сфатите, ќе се поврзете со децата. Нема да пропуштите ниту еден нивни натпревар ако можете да бидете таму...
Тие ќе станат дел од вас и кога сè ќе заврши, најмногу ќе ве боли тоа што нив сте ги загубиле и никогаш нема да си простите.
Навистина е тешко, затоа што за вашите деца сепак имате можност да бидете тука. Затоа пред да скокнете во таква врска треба да размислите за овие ризици и да размислите за вашето и за нивните срца“ – вели тој во видеото.
@noneya7230 here's a draft for you ##foryou ##relationship ##LeadWithLove ##singlemoms ##truth ##beagoodman
-->♬ Shes Somebodys Daughter - Drew Baldridge
Некои самохрани мајки, дадоа одговор на ова тврдење во коментари и ги поддржаа неговите ставови.
„Веќе 3,5 години сум сингл и ова е една причина зошто не барам љубов, на синот веќе еднаш му беше скршено срцето кога неговиот татко си замина“ – коментираше една следбеничка.
„Ова е вистина. Јас и син ми одиме во пакет. Не го запознавам со луѓето со коишто се гледам сè додека не сум сигурна дека е сериозно заради доброто на синот“ – вели друга.
„Ова е мошне добро кажано. Ја гледам болката и колку многу ти недостигаат дечињата за коишто говориш. Тие нема да заборават што си направил“ – го охрабри друга.
Б. С. Б. | Црнобело