10 „маки“ на девојките кои имаат згоден брат

Сите велат дека е згоден и неодолив, а за вас секогаш ќе биде тој што ве задева, ви додева, ве штити и безусловно ве сака – тој е вашиот брат!

10-maki-na-devojkite-shto-imaat-zgoden-brat-01.jpg

Браќата се најдобри другари што се тука за нас целиот живот. А кога имаш згоден, забавен и популарен брат на авантурите им нема крај.

Оние што се блиски со своите браќа знаат дека никогаш нема да имаат подобар пријател од него. Тој е тука за да ве заштити, да ве ислуша, но и за да му дадете поддршка. Од „тешење“ поранешни девојки, до девојки што преку ноќ ви стануваат пријателки – што сè ве очекува кога имате згоден брат?

1. Преку ноќ ви се случува да стекнете многу нови пријателки на социјалните мрежи. Девојките мислат дека се многу суптилни, па преку вашиот профил ќе го следат и вашиот брат.

2. Голем број пријателки сакаат да ви дојдат на гости, ама прво ве прашуваат со кого сте дома (ако кажете дека и братот е тука – „Џек Пот“).

3. Ако ви дошле другарки дома, нема шанси да имате нормален разговор додека братот е тука – некако работите се вртат само околу него.

4. Бидете подготвени луѓето да ве канат на забави, ама ако го донесете и згодниот брат.

5. Неговите поранешни девојки што веќе ве додале на социјалните мрежи по секоја расправија ве бараат веднаш за да ви се пожалат, а вие ги „тешите“ дека сè ќе биде во ред, иако знаете дека најверојатно е готово.

6. Ако сте излегле заедно, бидете подготвени цела вечер девојките да ве следат со поглед, уште ако не знаат дека сте му сестра – е тогаш ќе бидете сведок што значи некој да „ве убие“ и „да ве мери“ со поглед цела вечер.

7. Оние што знаат дека сте блиски, се обидуваат да ве шармираат и преку вас да „обезбедат“ позитивни поени, можеби тоа што ќе ви се допаднат вам – ќе биде пресудно за да му се допаднат и нему.

8. Момчињата околу вас се плашат да ви пријдат затоа што имате премногу згоден брат.

9. Некогаш се чувствувате „невидливи“ кога ќе излезете заедно.

10. Сите говорат дека тој е згоден, неодолив, прекрасен – а за вас тој секогаш ќе биде вашиот брат (што ви додева, ве заморува, ве чува и ве штити и безусловно ве сака).

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg