Навики и верувања кои модерните родители треба да ги заборават, низ илустрации

Многу често родителите, обидувајќи се да го направат најдоброто за нивното малечко, целосно ги запоставуваат нивните потреби и прават некои работи само затоа што им е страв дека ќе бидат критикувани.

naviki-i-veruvanja-koi-modernite-roditeli-treba-da-gi-zaboravat-niz-ilustracii-01.jpg

Дали, на пример, сте загрижени кога вашиот дом не е среден? Веројатно се прашувате што ќе рече некој ако ви дојде на гости и верувате дека домот треба постојано да „блеска“. Можеби ова е точно, но не и кога имате мало дете.

Погледнете кои се навиките и верувањата од кои вие, како родител, треба да се ослободите:

Сакате домот постојано да биде совршено чист

Нормално дека домот треба да биде чист, особено кога имате мало дете, но немојте да се чувствувате лошо ако некогаш немате време да ја здиплите облеката или нешто не сте вратиле на место.

Грижата за малото дете веќе ви одзема многу време и енергија, па нормално е дека нема да бидете во можност постојано да го чистите домот.

probuvate-da-bidete-sovrshena-majka-ne-naogjate-vreme-za-vas-naviki-i-veruvanja-koi-modernite-roditeli-treba-da-gi-zaboravat-02.jpg

Сакате секогаш да изгледате совршено

Можеби во филмовите и сериите мајките кои имаат мали деца се секогаш дотерани и средени, но секоја мајка знае дека ова е практично невозможно во реалноста.

Кога имаат бебиња, некои мајки немаат време ни да се истушираат, а не па да прават фризури или да се шминкаат. Па, немојте воопшто да се грижите што некој период сте го запоставиле изгледот.

Како што кажавме, грижата за малечкото одзема многу време и енергија и сосема нормално е да не ви е грижа за вашиот изглед.

probuvate-da-bidete-sovrshena-majka-ne-naogjate-vreme-za-vas-naviki-i-veruvanja-koi-modernite-roditeli-treba-da-gi-zaboravat-03.jpg

Постојано седите дома

Ако вашето малечко е здраво и лекарот ви каже дека можете да го изнесувате надвор, немојте постојано да седите дома. Одете во парк со бебето, излезете со пријатели на кафе или во ресторан, шетајте низ градот… Најдете каква била активност надвор од домот која ќе ви помогне да ја разбиете монотонијата.

probuvate-da-bidete-sovrshena-majka-ne-naogjate-vreme-za-vas-naviki-i-veruvanja-koi-modernite-roditeli-treba-da-gi-zaboravat-04.jpg

Се чувствувате засрамено ако бебето заплаче

Малите бебиња плачат и вие не можете да направите ништо за да го спречите тоа. Нема потреба да се засрамувате само затоа што вашето малечко заплакало во јавност. Наместо тоа, обидете се да ја откриете причината и да го смирите.

А, луѓето околу вас сигурно ќе ве разберат, особено оние кои и самите се родители.

probuvate-da-bidete-sovrshena-majka-ne-naogjate-vreme-za-vas-naviki-i-veruvanja-koi-modernite-roditeli-treba-da-gi-zaboravat-05.jpg

Премногу сте загрижени за образованието на детето

Добро е да играте едукативни игри со вашето дете и да го учите нови работи, но немојте да го форсирате. Нема потреба да го терате со сила секојдневно да учи да пишува и чита или да решава задачи во претшколска возраст. Многу подобро да поминувате и време со забавни игри и да му помогнете да ја развие својата креативност.

Кога ќе почне да оди на училиште, секако ќе го научи тоа што треба.

probuvate-da-bidete-sovrshena-majka-ne-naogjate-vreme-za-vas-naviki-i-veruvanja-koi-modernite-roditeli-treba-da-gi-zaboravat-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg