„Мамо, мал сум и не знам како да ти кажам дека те сакам - но, ти си целиот мој свет“

„Само сакам да ти кажам, 'те сакам', ама не можам сè уште. Затоа ќе ги испружам рацете. Ќе викам и ќе се лутам ако ме оставиш. Сè што сакам е твојот мирис, и ќе ми биде убаво, ќе бидам исполнет“ - која е емотивната порака што се крие за плачот на бебињата?

Pismo-na-edna-majka-od-perspektiva-na-novorodenche-Znam-deka-te-boli-koga-placham-ama-placham-za-tebe-01.jpg

Кога ги гледаме бебињата додека се мали, имаме чувство дека кога би можеле да прозборат би имале многу работи што би сакале да ни ги кажат.

Џесика Урлихс е поетеса од САД, која на својот Facebook профил објавила кратко писмо во кое говори во улога на новородено бебе.

Што би ни кажале бебињата кога би можеле да проговорат:

Те сакам
Се надевам дека знаеш.
Но, уште сум мал и нов и не можам сè уште да ти кажам.
Затоа солзите доаѓаат кога ми требаш, а ги чувствувам и твоите (солзи)
Знам дека те боли кога плачам, ама плачам за тебе.
Можеби се чувствуваме исто?
Кога е темно околу мене и ќе го видам твојот лик, знам дека сè ќе биде во ред.
Дали и ти го знаеш тоа?


Само сакам да ти кажам,
„Те сакам.“
Ама не можам сè уште.
Затоа ќе ги испружам рацете.
Ќе викам и ќе се лутам ако ме оставиш.
Сè што сакам е твојот мирис, и ќе ми биде убаво, ќе бидам исполнет.
Затоа што ти мирисаш на нас двајцата, како да сме едно.
Ти си целиот мој свет.
Сè што ми треба.
Не можам да дочекам да дознаам каква си била „ти“ пред да ме имаш мене, но, ете, сега сме „ние“.
Еден ден ќе ти кажам:
„Те сакам“.

Кога ќе погледнам во тебе, веднаш штом ќе ги видам твоите очи, целиот свет ми е во фокусот.
Можеби можеме да застанеме заедно.
Да бидеме еден околу друг, како да не треба да одиме никаде.
Затоа што ова нема да го имаме повторно.
Затоа што тоа што сум мал не трае долго.
Посакувам овој миг да трае засекогаш, а можеби и ти ќе го сакаш тоа.
Ова се наши денови, додека ти ми шепотиш:
„Те сакам“.

Кога ме бакнуваш за добра ноќ.
Кога заспивам.
Додека се вдишуваме еден со друг.
Кога се будам повторно и повторно и те барам тебе.
Додека и ти се бараш себеси.
Додека да се најдеме еден со друг.
Знам дека тоа е постојано.
Но, ти си тука за мене постојано,
Затоа што овие денови исполнети со ништо се сè за мене.
И наскоро мојата глава нема да биде на твоите гради.
Наскоро наместо да плачам ќе почнам да говорам.
Додека те гледам, моите усни почнуваат да се движат.
Единственото чувство што цело време сум го знаел, со гласот што ќе ми се чини нов,
Ќе ти се насмевнам и ќе ти речам:
„И јас те сакам тебе.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg