„На 40-тиот роденден решив дека сакам да имам бебе, иако не го пронајдов вистинскиот“
„Мојот роденден е во јануари и јас секоја година во себе си помислував дека тоа е годината кога ќе сретнам некого, но тоа не се случи. Затоа одлучив да имам дете сама...“, раскажува Мишел.
Мишел Елизага од Аризона сега има 43 години, но таа одлучила дека иако не го пронашла вистинскиот, ќе стане мајка на 40 години.
Ѝ здодеало да го чека вистинскиот за да има бебе, па откако го прославила 40-от роденден со другарките одлучила дека сама ќе стане мајка, односно со помош на донор на сперма и асистирано оплодување.
Таа својата заштеда од околу 5.000 долари ја потрошила на ова и во јуни 2019 година забременила. Сега е мајка на 2-годишниот Метју.
На нејзиното синче за жал му бил дијагностициран Даунов синдром, но таа вели: „Не би го менувала никогаш, јас него не можам да го замислам на друг начин. Искуството со него беше и е толку моќно и направи да сфатам колку сум всушност силна и способна.
Не се каам за мојата одлука да си основам семејство сама. Кога наполнив 40 години чувствував како да го губам времето и дека морам да преземам нешто. Отсекогаш сакав да се омажам и да добијам дете, но кога веќе не се случи тоа решив да добијам дете сама.
Инаку, мојот роденден е во јануари и јас секоја година во себе си помислував дека тоа е годината кога ќе сретнам некого, но тоа не се случи. Затоа одлучив да имам дете сама и никогаш не се покајав за одлуката“, раскажува Мишел.
Фотки од Мишел и Метју:
С. С. | Црнобело