Татко на 6 деца: „Слушам како татковците се жалат дека треба да ги чуваат децата – за мене тие не се товар, туку благослов“
„Јас никогаш не ги чувам моите деца, ние се дружиме и си поминуваме одлично… „Уморен сум“ не е изговор за да не играм со нив, а тие не се изговор за да не ги правам нештата што ги сакам“ – накратко ова се дел од принципите до кои се придржува овој татко.
Бенџамин Холмгрин е татко на 6 деца, а во пост на Фејсбук упати една подолга порака до сите родители, а особено до татковците.
Тој, како што рече, има четири принципи до кои се придржува во одгледувањето на сопствените деца, а истите ги сподели со своите пријатели.
Погледнете ја објавата „Да се биде татко“ во целост:
„Некогаш ги слушам татковците како велат: 'Треба да ги чувам децата вечерва.'
Секогаш сум се прашувал зошто го викаат чување? Дали се чувствуваат како да се дадилки?
Јас никогаш не ги чувам моите деца. Се дружиме и си поминуваме одлично.
Колку повеќе растат децата, толку повеќе сфаќам дека моето време со нив е кратко. Тие не се 'мои'. Нема да ги задржам.
Но, тие се моја одговорност. Јас треба да бидам таткото што им е потребен. Јас треба да ги научам – да ги подготвам да живеат во свет исполнет со страдања. Тоа е огромна одговорност.
Децата го достигнуваат врвот во сопственото формирање на возраст од околу 7 години. Тоа значи дека моите две најголеми деца веќе она што го научиле од мене ќе им биде врежано до крајот на нивните животи. До. Крајот. На. Нивните. Животи.
Кога дознав за тоа пред неколку години, прифатив неколку едноставни татковски принципи до кои се придржувам:
'Уморен сум' не е изговор: Ако моите деца побараат да прават нешто (да скокаат на трамболина, да се бањаат, да играат фудбал, да читаат книги), не ми е дозволено да кажам дека 'сум уморен' како изговор;
Децата не се изговор: Голем број луѓе не си дозволуваат да имаат прекрасни искуства затоа што претпоставуваат дека не можат да прават одредени нешта затоа што имаат деца. Патувања, вежби, проекти, останување до доцна и сл.
Наместо да ги користам децата како изговор, се трудам да ги вклучам! Тоа е одлична можност за учење за сите нас.
Многу сакам да трчам и неодамна купив огромна двојна количка. Ги ставам сите 4 деца внатре и трчаме низ градот многу пати во неделата.
Имаме одлични разговори и добиваме чудни погледи од луѓето што минуваат со автомобилите. Тоа секогаш ми се најубавите мигови во денот.
Моите деца се причина за да трчам, а не изговор за да не го правам тоа.
Што велам и што правам: Малите деца не даваат важност на зборовите сè додека истите не се поддржани со дејствија. Нивните мозоци може потоа да го асоцираат резултатот со зборовите и да најдат смисла.
Она што го учам преку тоа болно искуство е дека моите деца не се грижат за она што ќе го кажам. Тие само се грижат за она што го правам и ме набљудуваат.
Да, внимавам на зборовите, но повеќе сакам да бидам внимателен со она што го правам.
Ако еден ден ме гледате, ќе одмавнувате со главата затоа што често имам проблеми со ова. Ова не е лесна лекција и се борам со неа секојдневно. Но, се трудам да учам.
Децата се благослов, а не товар: Забелешка за себеси – Дејствувајте соодветно.
И што би можело да биде поважно од тоа да ги израснете вашите деца?“
Б. С. Б. | Црнобело