Преплашена мајка помислила дека нејзиното дете има дупка во устата – во болница ѝ кажале дека е обична налепница

24-годишна мајка од Англија се преплашила кога забележала дупка во горниот дел на усната празнина на нејзиното детенце, но кога отишла во болница, ѝ кажале дека детето во устата имало обична налепница.

preplashena-majka-pomislila-deka-nejzinoto-dete-ima-dupka-vo-ustata-vo-bolnica-kazhale-deka-e-obichna-nalepnica-01.jpg

Беки Стилс има 24 години и е мајка на 10-месечниот Харви, а неодамна се соочила со мошне стресна ситуација. Додека му ја менувала пелената на Харви, Беки забележала дека на горниот дел од неговата усна празнина има дупка. Младата мајка била избезумена и не знаејќи што друго да прави, веднаш отишла во болница.

„Забележав дека треба да му ја сменам пелената на Харви и како што го легнав забележав дупка во неговата уста. Се обидов да ја допрам, но тој почна да плаче на цел глас, па го викнав татко му да види што се случува. Се тресев и едвај се воздржував од плачење. Веднаш зедовме батериска ламба и кога погледнавме во устата, татко му само извика ’Што е ова?!‘“, раскажува мајката.

preplashena-majka-pomislila-deka-nejzinoto-dete-ma-dupka-vo-ustata-vo-bolnica-kazhale-deka-e-obichna-nalepnica-03.jpg

„Ѝ се јавив на мајка ми која ми рече веднаш да повикам брза помош, а додека чекав некој да ми одговори, тргнавме накај болницата“.

Уште пред да влезе во болницата, Беки била пречекана од медицинска сестра која веднаш го прегледала малиот Харви и ѝ кажала дека нејзиното малечко е во ред, а „дупката“ во неговата уста е всушност обична налепница.

„Кога сакавме да влеземе во болницата на две медицински сестри им кажав што се случува и една од нив ми рече да го прегледа. После само 30 секунди се сврте кон мене и ми рече ’Тоа е налепница‘. Јас упорно ѝ велев ’Не, тоа е дупка‘. Тогаш таа го стави прстот во устата на Харви и ја извади налепницата. Почнав да се смеам, се тресев и бев многу засрамена“.

preplashena-majka-pomislila-deka-nejzinoto-dete-ma-dupka-vo-ustata-vo-bolnica-kazhale-deka-e-obichna-nalepnica-04.jpg

Младата мајка вели дека додека оделе кон болницата, таа им се јавила на неколку блиски луѓе за да им каже што се случува.

„Кога се враќавме дома морав да ја проголтам гордоста и повторно да им се јавам на сите да им кажам дека Харви нема дупка во устата“.

preplashena-majka-pomislila-deka-nejzinoto-dete-ma-dupka-vo-ustata-vo-bolnica-kazhale-deka-e-obichna-nalepnica-02.jpg

Иако можеби целата ситуација сега изгледа комично, Беки дефинитивно имала навистина стресен ден, но добро е за другите родители да знаат да внимаваат во вакви ситуации. 

preplashena-majka-pomislila-deka-nejzinoto-dete-ma-dupka-vo-ustata-vo-bolnica-kazhale-deka-e-obichna-nalepnica-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg