Зошто повеќето бебиња се раѓаат со сини очи и зошто подоцна им се менува бојата?

Кога ќе се роди ново бебе во семејството често се случува сите да се соберат и да коментираат: „Личи на мајка му или личи на татко му. Има исти очи како мама, како баба, како дедо...“ Вистината е дека во првите шест месеци, а некогаш и подолго, воопшто не можеме да претпоставиме како ќе изгледа нашето малечко: каква боја на очи и коса ќе има и на кого ќе личи.

zoshto-povekjeto-bebinja-se-ragjaat-so-sini-ochi-i-zoshto-podocna-im-se-menuva-bojata-01.jpg

Кога се раѓаат, бебињата вообичаено имаат темно сини очи. Често слушаме како другите велат дека не треба веднаш да се радуваме за бојата на очите кај бебињата, затоа што таа може да се промени во првата година од животот. Ова особено важи ако вашето бебе има светла кожа и светли очи.

Зошто бебињата се раѓаат со светли очи?

Кај бебињата што се раѓаат со светла кожа, светлите очи се јавуваат како последица на тоа што имаат многу малку меланин (пигментот што дава боја на очите, кожата и косата). По раѓањето, светлината го стимулира производството на меланин, поради што бојата на очите може да се затемни или да се промени.

„Количеството на меланин во ирисот, обоениот дел на окото, одредува каква боја на очи ќе има личноста. Мора да нагласиме дека бојата на пигментот не ја предизвикува промената на бојата: нема син, сив, зелен или костенлив пигмент во окото. Единствениот пигмент што постои е кафеав, и нивото на кафеав пигмент одредува дали личноста ќе има светли или темни очи“ – вели Даглас Фредерик, педијатриски офталмолог во Калифорнија, за Parents.com.

Na-kogo-lichi-bebeto-koga-i-zoshto-se-menuva-bojata-na-ochite-kaj-bebinjata-02.jpg

Какви очи ќе има вашето дете?

„Па, какви очи ќе има моето дете?“ Ако си го поставувате ова прашање, треба да знаете дека нивото на меланин во окото зависи од генетиката. Во основа, ДНК-та на родителите одредува каква боја на очи ќе има детето. Тоа би значело дека ако двајцата родители имаат кафеави очи, најверојатно и нивните деца ќе имаат кафеави очи, но тоа не е секогаш така.

Со оглед на тоа што голем број фактори од генетскиот код влијаат врз бојата на очите, понекогаш може да се случи детето да има сини очи, доколку некој од предците на родителите имал сини очи. Затоа речиси и да не е возможно однапред да се утврди каква боја на очи би имало детето. Доктор Фредерик вели дека исто така не е важно ниту тоа со што го храните вашето дете, колку го изложувате на сонце и слично - во основа, сè зависи од генетиката.

Што ако бебето се родило со кафеави очи?

Ако бебето се родило со кафеави очи, тоа значи дека неговите очи веќе најверојатно го имаат нивото на меланин што треба да го имаат според генетскиот код и обично бојата на очите нема да се промени. Најчесто децата со потемна кожа се раѓаат со кафеави или потемни очи. Но, исто така, не значи дека секогаш кај децата што се родиле со светли очи ќе дојде до затемнување на бојата.

Na-kogo-lichi-bebeto-koga-i-zoshto-se-menuva-bojata-na-ochite-kaj-bebinjata-03.jpg

Кога се менува бојата на очите?

Вообичаено најголемата промена кај бојата на очите на вашето дете ќе се случи во првите 6 до 9 месеци од животот. Промената на бојата на очите најчесто е постепена, така што можеби нема ниту да забележите кога еден ден вашето малечко ќе се разбуди и ќе ве изненади со нова боја на очите.

До 12 месеци најголемиот број деца ја имаат постојаната боја на очите. Сепак, кај некои деца може да се јави промена и подоцна во животот, некаде до третата година. Промената на бојата на очите најчесто нема влијание врз видот на детето и е сосема нормална појава.

Како и да е, на крајот на краиштата не е важно каква боја на очи ќе има вашето дете, тоа секогаш ќе ве сака какви и да сте. Без разлика на тоа во која боја се, во нивните очи вие секогаш ќе бидете најважната личност на светот!

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg