Секогаш имаат приказна од која родителите се срамат - 10 причини зошто вујковците/чичковците се незаменливи
Вујковците и чичковците се тука за да ги разгалат децата, а мама и тато се тука за да ги вратат во ред. Нема дете што не е вљубено во својот вјуко или чичко, особено ако се земе предвид дека тој е забавен, слободен, си игра, не те кара и често знае и самиот да се однесува како дете.
Вујковците и чичковците имаат мошне важна улога во развојот на нивните внуци. Тие имаат различна улога од родителите, ама сепак се грижат за доброто на децата и тоа се гледа. Вујковците присуствуваат на сите поважни настани од животот на детето и се тука за да дадат позитивна енергија што ќе има трајно влијание.
Тие се и одлични машки ментори за нивните внуци. Додека таткото поставува еден „построг“ пример за неговите деца, вујковците и чичковците се тука за да дадат една поинаква, посвежа перспектива.
Добрите вујковци/ чичковци се тука за да бидат поопуштени и да бидат забавни, па на тој начин му покажуваат на детето што значи да се биде дел од врска во која постои љубов и грижа.
Погледнете зошто никој не може да ги замени вујковците и чичковците:
1. Секогаш кога е тука можеш да се смееш и да се забавуваш колку сакаш. Нема да ти се налути, нема да те искара, за разлика од мама и тато ако претераш со нешто.
2. На вујковците/чичковците можеме да им кажеме работи што никогаш нема да се осмелиме да му ги кажеме на тато или мама.
3. За роденден секогаш ќе ти го купи она од коешто на мама и тато им се „крева коса“ на глава, а многу си го сакал/а!
4. Вујковците се тука за да ти откријат бељи, на коишто сам никогаш немало да ти текне.
5. Понекогаш не знаеш дали вујко ти/чичко ти е возрасен човек или дете.
6. Вујковците се тука за да те охрабрат, да ти помогнат и да те советуваат и секогаш имаат да ти кажат понекоја приказна од која мама и тато се срамат.
7. Тука се за да те чуваат ако мама и тато се зафатени. Во времето што си го поминал со вујкото се чувствуваш безбедно, згрижено и сакано, но и поопуштено.
8. Вујковците се најгласни навивачи – тука се на сите натпревари и на сите поважни настани, за да навиваат и да те бодрат.
9. Затоа што ги немаат истите грижи и проблеми како мама и тато, тие се секогаш „кул“ возрасни луѓе.
10. Тие се тука за да те научат работи за коишто мама и тато немаат време или нерви и секогаш подобро сфаќаш кога тие ти го објаснуваат тоа.
Вујковци и чичковци, имате мошне важна улога во животот на децата. Вие сте „откачениот“ родител, оној на којшто детето му се доверува и го сака безусловно исто како што ги сака мама и тато, а имате само една улога – да бидете позитивен модел за детето.
Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Freepik/Pexels