7 митови за малите деца на кои родителите треба да заборават

Навистина постојат безброј митови кога станува збор за грижата за деца, но и за нивниот развој.

7-mitovi-za-malite-deca-na-koi-roditelite-treba-da-zaboravat-1.jpg

Исто така, родителите постојано слушаат совети, дури и од луѓе кои никогаш немале деца, па може да им биде тешко да одредат што е правилно и што е најдобро за нивното малечко.

Затоа, секојпат кога се сомневате во нешто, најдобро е да се консултирате со експерт.

Во продолжение, пак, можете да ги погледнете најпознатите митови за малите деца во кои не треба да верувате:

Мит 1: Зборувањето со „бебешки глас“ е лошо за децата

Иако сите изгледаме смешно кога им зборување на бебињата со „бебешки глас“, ова всушност им е од корист, особено во развојот на говорот. Според експертите, овој начин на зборување, придружен со извици и пеење, им помага на децата да научат нови зборови.

Исто така, бидејќи на овој начин родителите појасно ги покажуваат емоциите, како радост или среќа, на малото дете му е многу полесно да ги разбере. На крај, оваа игра со „бебешко зборување“ ја зајакнува врската помеѓу детето и родителот.

Мит 2: Децата кои знаат да читаат пред да тргнат на училиште се попаметни

Иако е импресивно кога ќе видите дете на претшколска возраст кое знае да чита, ова не секогаш е знак за висока интелигенција или голем академски успех.

Што значи, нема потреба да го форсирате вашето малечко да учи да чита пред да тргне на училиште. Многу подобро е вие да му читате приказни, да се фокусирате на неговиот речник и на зборовите што ги знае.

7-mitovi-za-malite-deca-na-koi-roditelite-treba-da-zaboravat-03.jpg

Мит 3: Секој ден мора да му давате разновидна храна

Овој мит може да функционира само во совршен свет. Ако сме реалистични, јасно е дека ретко кој родител има време и енергија буквално секој детски оброк да го прави разновиден и само со здрава храна.

Она што е најважно е детето да има неколку здрави и разновидни оброци во текот на неделата и да не дозволувате постојано да јаде брза и мрсна храна.

Нема ништо лошо во тоа ако неколкупати неделно детето јаде нешто направено на брзина.

7-mitovi-za-malite-deca-na-koi-roditelite-treba-da-zaboravat-04.jpg

Мит 4: Децата мораат да си легнуваат многу рано и да спијат цела вечер

На децата им е потребен повеќе сон и имаат повеќе циклуси на спиење во текот на ноќта од возрасните.

Поради поголемиот број циклуси, неретко децата се будат среде ноќ, и ова е сосема нормално, сè додека потоа без проблем се враќаат на спиење.

Исто така, само затоа што на детето му треба повеќе сон, не треба постојано да го присилувате да си легнува во 9 часот навечер или порано, особено ако не му се спие.

Научете го дека добро е да си легнува во разумно време ако сака следниот ден да биде одморено, но немојте да го присилувате да си легнува рано буквално секоја вечер.

Мит 5: Децата не знаат да се грижат за домот и не треба да го средуваат својот неред

Можеби детето не може да ја вклучи правосмукалката или да ги измие садовите, но би требало само да се грижи за дел од својот неред.

Покажете му како само да си ги собира играчките, каде да ја става валканата облека, како да ја раскрева масата откако ќе јаде…

Со ова детето ќе се чувствува вклучено во семејните обврски и уште од најрана возраст ќе го научите да биде одговорно.

7-mitovi-za-malite-deca-na-koi-roditelite-treba-da-zaboravat-05.jpg

Мит 6: Детето мора да ги дели сите свои работи со другите

На децата не им е јасно што значи делењето сè до 3 или 4-годишна возраст. Пред детето да сфати дека добро е да ги дели своите работи со другите, мора да научи некои други нешта.

На пример, желбата да поделиме нешто со друг произлегува од емпатијата.

Многу малите деца не се свесни за овој концепт, па ако не сакаат да ги делат своите играчки не значи дека се себични, туку дека, едноставно, се деца.

7-mitovi-za-malite-deca-na-koi-roditelite-treba-da-zaboravat-07.jpg

Мит 7: Само непослушните деца плачат на цел глас

Таканаречениот тантрум е нормална појава кај секое дете. Во овие ситуации децата плачат без контрола, а ова најчесто се случува кога детето не може да ги процесира емоциите кои се последица на неговото опкружување, па чувствува фрустрација.

Неретко, ова плачење може да биде и од причина која изгледа банално за возрасните. А, само затоа што некое дете има ваква епизода, не значи дека е непослушно или разгалено и ова може да им се случи и на најмирните деца.

7-mitovi-za-malite-deca-na-koi-roditelite-treba-da-zaboravat-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg