Неверојатната врска на 1-годишно момче со Даунов синдром со неговите браќа (видео)
„Трип ни ги отвори срцата и умовите на сите и начинот на кој го гледаме светот поради него се промени на подобро“, вели Никол за своето синче со Даунов синдром.
Никол Пауел е мајка на 5 деца, од кои едното е момче од година и половина со Даунов синдром. Таа постојано споделува видеа на ТикТок од нејзините деца и открива како е да се расте детенце со Даунов синдром.
Но, интересно е што малиот Трип е како крал во неговото семејство и неговите браќа со задоволство му пеат и се грижат за него. Нивната неверојатна врска едноставно го топи срцето.
Мисија на семејството е да ја задржи позитивноста и покрај препреките и да ја поткрене свесноста за оваа состојба.
Постарите синови на Никол, 10-годишниот Џејс и 7-годишниот Рејс се најмногу заштитнички поставени кон Трип, а тоа се гледа и од видеата.
„Џејс е најстар од моите 5 деца и секогаш со себе ја носи лентата со сончогледи, што значи дека лицето кое го придружува има некоја попреченост, и отворено говори со пријатели на училиште за оваа тема и ги информира другите деца“, вели Никол.
Инаку, мотото на семејството е: „Па, зарем не сме сите различни?“
„Трип ни ги отвори срцата и умовите на сите и начинот на кој го гледаме светот поради него се промени на подобро“, заклучува Никол.
Дел од емотивните видеа:
@teamtripp2019 #downsyndrome #nothingdownaboutit #lovedoesntcountchromosomes #babiesoftiktok #momsoftiktok #dadsoftiktok2020 #BRIDGERTON #winterfit #myboy #fyp #foru
♬ original sound - Nicole Powell
@teamtripp2019 ##downsyndrome ##siblinggoals ##specialneeds ##thankyou ##dadsoftiktok ##momsoftiktok ##proudparents ##wholesome ##fyp ##foryou ##viral ##reaction ##blessed ##baby
♬ Happiest Year - Jaymes Young
@teamtripp2019 #downsyndrome #worlddownsyndromeday #t21 #extrachromiehomie #siblings #EnvisionGreatness #upsyndrome #celebrate #blessed #angel #fyp #foryou #baby #4u
♬ original sound - Nicole Powell
С. С. | Црнобело