Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца

Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да претставуваат опасност за мали деца и бебиња, особено кога се без надзор.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-01.jpg

Секој родител знае дека треба да внимава на буквално секоја ситница додека детето е многу мало. Бидејќи, доволна е само една секунда невнимание за да се случи нешто лошо.

За да ги избегнете потенцијалните незгоди со вашето малечко, добро би било да бидете свесни и кои предмети што ги перципираме како безопасни, некогаш можат да предизвикаат проблеми.

Дел од нив во продолжение:

Навлажнувач на воздух

Ова генерално зависи од видот на навлажнувачот на воздух.

Некои од првите модели кои биле достапни на пазарот се оние што го навлажнуваат воздухот со пареа. Односно, ја зовриваат водата и таа испарува.

Овие навлажнувачи се генерално побезбедни бидејќи со вриењето се уништуваат сите бактерии кои инаку би биле разнесени во воздухот.

Од друга страна, навлажнувачите кои користат ладна вода можат да го поттикнат разнесувањето на штетни микроби низ собата.

Навлажнувачот за воздух не значи дека ќе му предизвика сериозна штета на бебето, но секогаш е добро прво да се консултирате со лекар кој ќе ви каже дали воопшто ви треба и ќе ви помогне да изберете модел.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-03.jpg

Играчки со магнети

Целосно избегнувајте ги играчките со магнети додека вашето дете не порасне доволно за да не става работи во уста.

Ако детето (или бебето) голтне магнет, тој може да предизвика сериозна штета на неговиот дигестивен систем.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-04.jpg

Мека преграда за креветче

Меките прегради за бебешките креветчиња изгледаат мошне удобно, но, колку и да звучи бизарно, нивното производство е забрането во САД од 2022-ра бидејќи се сметаат за опасни.

Наводно, статистиката покажала дека овие прегради можат да предизвикаат задушување на бебето.

Овде станува збор за прегради кои се врзуваат со креветот со врвки и не се прицврстени, што значи бебето лесно може да ги извади.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-05.jpg

Перница во креветчето

Според WebMD, перниците не се безбедни за бебињата и треба да ги избегнувате.

Според експертите, најдобро е да почнете да користите перница дури откако бебето ќе наполни две години.

На оваа возраст, детето веројатно повеќе не спие во мало креветче, што значи има повеќе место за превртување во текот на ноќта.

Од друга страна, кога се многу мали, бебињата можат да се превртат на стомак и да се задушат од многу мекиот материјал.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg