Две работи кои децата не им ги простуваат на родителите
Колку и да верувате во спротивното, децата можат да им се налутат на родителите и тоа никогаш да не го заборават.
Колку и да ви звучат смешно овие закани од типот „ова не ти го заборавам до крајот на животот,“ сепак во нив има вистина.
Кога-тогаш децата ќе пораснат, па тогаш ќе може да разберат, но не и да заборават.
Овие две работи најчесто не им се простуваат на родителите:
1. Прекршените ветувања
Ако не постои начин ветувањето да се исполни, тогаш подобро не го ни давајте. Ова е нешто што се всадува кај децата од најрана возраст и потоа во текот на животот тие само ја повторуваат постапката.
Пронаоѓањето на изговори е уште полошо. Не можете ни да поверувате колку изговорите може да се пречка во довербата и причина за разочарување во иднината на детето.
2. Непочитување
Многу родители го газат детското его со надеж дека децата се мали и ќе заборават.
Дечињата кои само сакаат да ги пофалите за нешто, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и тоа го кажувате гласно, не знаејќи колку со тоа ги повредувате.
Внимавајте што им зборувате за нивните соништа, страсти и хобија. Постои голема шанса нивниот успех да ви го одбијат од глава кога ќе пораснат.
М. Д. | Црнобело