8 разлики меѓу мудро строгите и сурово строгите родители

Дали можеби сте престроги? Строгоста е добра, но грубоста е забранета.

8-razliki-megju-mudro-strogite-i-surovo-strogite-roditeli-01.jpg

Последниве години многу повеќе жалиме за времето во кое авторитетите беа строги. На пример, родителите. Од друга страна, не сакаме никој да биде груб кон нашите деца, вклучувајќи се и самите себеси.

Ова се јасните граници помеѓу мудро и брутално строгите родители:

Суровите родители не им дозволуваат на децата да грешат, додека строгите не дозволуваат посериозните грешки да се повторат. Често забораваме дека на детето ќе му требаат околу 30-тина години за да може да пристигне таму каде што сме ние денес – организирани, одговорни, уредни.

Суровите авторитети си даваат право да ја потценуваат детската вредност, додека мудрите родители знаат дека не постои нешто повредно од детето.

Мудро строгиот родител го казнува детето со одземање на мобилниот телефон, додека брутално строгиот родител го казнува со игнорирање, молчење, презирање, исмевање. Родителската љубов никогаш не смее да биде под знак прашалник.

Суровите родители не ги почитуваат детските емоции, додека оние кои се строги на мудар начин ги разбираат и прифаќаат детските емоции, но не им попуштаат.

8-razliki-megju-mudro-strogite-i-surovo-strogite-roditeli-02.jpg

Строгите родители им даваат одговорност за нивните обврски, додека суровите родители им ја префрлаат одговорноста на сопствените непостигнати очекувања.

Строгите родители поставуваат високи стандарди и очекувања во согласност со детските способности, суровите – во согласност со сопствените желби.

Суровите родители ја оптоваруваат детстката совест со чувство на вина, додека строгите, но мудри родители точно знаат дека вината е непотребна, доколку детето соодветно го промени начинот на однесување и реагирање.

Суровите родители не ја разликуваат лошата намера од лошата постапка, додека мудро строгите родители тоа одлично го знаат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg