Емотивно писмо до личноста која ќе се вљуби во мојот син...

Не сум сигурна кога точно ќе ти го дадам ова писмо. Можеби за неколку децении на денот кога ќе се омажиш за мојот син. Или можеби некој сосема обичен ден кога ќе сметам дека е соодветно.

emotivno-pismo-do-lichnosta-koja-kje-se-vljubi-vo-mojot-sin-01.jpgфото: pexels.com

Кога и да е, се надевам дека ќе бидам жива и здрава за комплетно да разбереш колку сум среќна што те запознав.

Моментално, малку е смешно што го пишувам ова додека мојот мал син лежи во кревет кој е џиновски во споредба со него и постојано ме потсетува колку е малечок. Изгубен е во кула од ќебиња во која ужива да биде замотан пред да го бакнам во челото и да му ја исчешлам косата.

Се имам изнаслушано стотици приказни како моето малечко ќе порасне побрзо отколку што сум подготвена. Додека да се освестам, ќе спие во голем кревет, во друг дом, далеку од мене.

Некаде на патот ќе те сретне тебе и сè ќе се промени.

Во моментов, јас сум му прва и најважна. Со мене сака да си игра со колички и да читаме книги. Ги сака моите оброци повеќе од оние во градинката. Сака јас да сум таа која ќе го бакне за добра ноќ.

Но, еден ден, ќе те одбере тебе. Ќе сака да ги поминува деновите со тебе, да патува со тебе, да готви за тебе.

emotivno-pismo-do-lichnosta-koja-kje-se-vljubi-vo-mojot-sin-02.jpgфото: pexels.com

Сега, неговите очиња светнуваат кога ќе ме види мене. Насмевката на лицето кога го земам од градинка е непроценлива.

Но, еден ден, неговите очи ќе блескаат кога ќе те гледа тебе.

Сега јас сум неговиот херој. Бара помош од мене. Ме замолува да го прекинам дождот. Се гушка со мене кога е болен.

Но, еден ден, ти ќе бидеш неговиот херој. Ќе му значи твоето мислење, ќе сака да те прегрне тебе за спиење. Ти ќе му помогнеш да го открие светот и да го гледа поинаку, и ќе го чуваш кога ќе биде болен.

Моментално, јас го учам како да биде љубезен. Со татко му го учиме како да ги почитува другите за да биде почитуван. Да научи да ги ислуша луѓето, да помага и да побара помош кога му треба.

И се надевам дека еден ден ќе знае како да се однесува со тебе со почит и љубезност.

Сега, јас сум задолжена за организација на неговите роденденски забави.

Еден ден, ти ќе го потсетуваш да ми се јави за да ми честита роденден.

Моментално, неговиот дом е тука покрај мене.

Но, еден ден, неговиот дом ќе биде таму каде што си ти.

И ова е навистина прекрасно.

Чест ми е што сум мајка на ова мало момче и што имам можност да го водам и научам на најважните работи во животот. И тоа што пораснал во личноста во која ти се вљуби. Исто така, чест ми е што те познавам.

Се надевам дека светот е поубаво место за живеење откако се најдовте еден со друг.

Сакам да знаеш дека ако гледам дека тој е среќен и се однесуваш со него со љубов и добрина, ќе те сакам без оглед на твојата раса, возраст, религија, исто како што ги сакам сите мои деца.

-04emotivno-pismo-do-lichnosta-koja-kje-se-vljubi-vo-mojot-sin=.jpgфото: pexels.com

Ветувам дека ќе направам баланс со мојата присутност во вашиот живот без да претерувам.

А на тебе, личноста која се вљуби во мојот син, ти ветувам дека ќе те сакам бескрајно. Затоа што само личност која го сака мојот син, може да разбере што се крие позади неговите сјајни очиња. Само таа личност ќе се радува кога ќе го слушне неговиот глас. Ќе се смее на неговите шеги како што се смеам јас.

А, како може да не ја сакам личноста која го сака и цени сето ова кај мојот син?

Па затоа, сега, додека сè уште го имам пред да стане твој, ќе го ценам секој момент, бакнеж и прегратка.

А, еден ден, кога ќе те сака тебе и ти него, ќе бидам горда. Горда на личноста која ја „направив“ и на личноста со која тој одбра да го помине животот. Горда што сум негова мајка.

Со љубов,

Јас

To the person who falls in love with my son

To the person who (one day) will fall in love with my son 💕... here's what I want you to know, from the bottom of my heart Read more: https://trib.al/W4JtmA2

Posted by Motherly on Friday, February 26, 2021

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg