5 работи кои „ниту за жива глава“ не се споделуваат со свекрвата

Искреноста и отвореноста за врската се како водата за собните билки – неопходни и нужни за преживување. Но, не и кога разговараме за односот со свекрвата.

5 raboti koi nitu za zhiva glava ne se spodeluvaat so svekrvata 001

Постојат детали кои сепак е попаметно да ги премолчите или да кажете бели лаги, како не би се каеле 5 минути подоцна.

Што е најпаметно да премолчите пред мајката на вашиот сакан?

1. Дека вие го имате главниот збор во врската

Вие го знаете тоа, партнерот го знае тоа, но свекрвата и не мора баш да знае дека вие ја контролирате врската. Во нејзини очи, синот е најкомпетентниот, најинтелигентниот и најодговорниот, па нема потреба од вакви информации.

2. Вашата плата

Вашата плата може да ја откриете на кого и да сакате (иако не е пожелно многу да споделувате), освен на вашата свекрва. Без разлика дали е преголема, премала или просечна, ќе има простор за коментари.

3. Концептот на кој сакате да ги растете децата

Тука можете само да изгубите. На крајот од краиштата, вие сте го одбрале детето кое ТАА го изгледала. Сепак, не можете да бидете престроги кон неа, посебно ако ви помага во чувањето на детето, но не ѝ пререкувајте за начинот на одгледување, а вие продолжете како што мислите дека е најдобро.

4. Политичките ставови

Изборите не се тајни без причина – а, ова правило важи и за да ве заштити од несогласувањата со блиските.

5. Колку сексуални партнери сте имале или каков е сексот со партнерот

Секс е единствената тема која не треба да ви падне на памет да ја спомнете, без разлика дали ја поврзувате со сегашниот или со бивши партнер.

Напомена: Некои од овие работи не само што не треба да ги споделувате со свекрвата, туку и со многу други луѓе, но во случајов, одбрана е темата разговори со свекрвата. Секако, тоа не треба да предизвика лоши односи помеѓу вас, туку само да внимавате што откривате. Изборот на крајот е сепак ваш, зависно од вашите односи.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 совети со кои ќе го подобрите односот со свекрвата (и ќе ги избегнете непотребните конфликти) Договорете се кога е во ред да доаѓа на гости и немојте да се натпреварувате едн...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg