Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви последици оставаат врз нив?“

И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги вознемират своите деца се подеднакво токсични и можат да остават трајни последици врз менталното здравје на своите деца. Хрватски психолог објави видео со предупредување до родителите за да знаат какви личности создаваат и на што треба да внимаваат.

hrvatski-psiholog-sovetuva-roditelite-shto-premnogu-im-ugoduvaat-na-decata-se-toksichni-kakvi-posledici-ostavaat-vrz-niv-01_copy.jpg

Ирена Орловиќ е невролингвистички психотерапевт која магистррирала во областа на науките за психо-социјално советување на Универзитетот Грац во Австрија. Нејзиниот живот значително се променил кога на 25 години се породила и лекарите ѝ соопштиле дека нејзиното девојче има сериозни пречки во развојот и дека можеби ќе живее само неколку години.

Но, Ирена одлучила да се посвети на борбата и да даде сѐ од себе за нејзиното девојче да израсне во девојка која е задоволна и среќна и денес има 22 години.

Со текот на времето, таа се трудела да стекне што е можно повеќе нови сознанија, а денес овие сознанија ги споделува во своите книги, но и на Инстаграм профилот каде се труди да укаже на важноста на комуникацијата меѓу децата и родителите.

Некои родители сметаат дека нивна главна цел е да бидат авторитет во животот на децата и на диктаторски начин се трудат да воведуваат ред и дисциплина. Но, има и онакви кои се плашат да не го вознемират детето или, пак, ќе направат сѐ за нивното дете да биде среќно.

Иако, навидум разликата меѓу овие два типа родители е огромна, Ирена нив ги става во истата категорија на „токсични родители“ кои оставаат сериозни последици врз менталното здравје.

„Знаете ли дека постојат два вида токсични родители? Тоа се родителите од кои децата се плашат и родителите што се плашат од сопствените деца. И едните и другите мошне токсично делуваат на менталното здравје на децата“ – вели таа.

hrvatski-psiholog-sovetuva-roditelite-shto-premnogu-im-ugoduvaat-na-decata-se-toksichni-kakvi-posledici-ostavaat-vrz-niv-02_copy.jpg

Во продолжение, Ирена дава појаснување за тоа која е разликата меѓу овие два типа токсични родители, но и за тоа какви ментални последици оставаат врз сопствените деца.

„Родителите од коишто децата се плашат најчесто се родители кои кога ќе влезат во собата, нивните деца ќе направат сѐ, ќе бидат мирни, послушни, само за да не го изнервираат родителот. Ќе направат сѐ за да му угодат на родителот“ – појаснува таа.

hrvatski-psiholog-sovetuva-roditelite-shto-premnogu-im-ugoduvaat-na-decata-se-toksichni-kakvi-posledici-ostavaat-vrz-niv-03.jpg

Според неа, децата што израснале со вакви родители, во иднина најчесто ќе бидат зависни од авторитети и многу лесно ќе паѓаат под нивно влијание.

„Родителите коишто се плашат од децата повторно успеваат да израснат разгалени деца, кои едноставно немаат здрава слика за себе и за иднината, затоа што родителите им дале порака дека тие прават сѐ за нив.

Дека тие не треба да направат ништо, дека е доволно што постојат и со тоа им дале порака дека се целосно неспособни, така што тие деца во иднината ќе имаат високо мислење за себе.

Ваквите деца многу тешко ќе најдат вработување, ќе бидат неодговорни и постојано ќе веруваат дека некој нешто им должи и дека тие се посебни само затоа што постојат на овој свет.

Но, нив и најмалиот стрес може да ги скрши и значајно да делува на нивното ментално здравје затоа што немаат психолошка отпорност“.

Погледнете го нејзиното видео во целост:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg