„Ако сите деца скокнат од мост, и ти ќе скокнеш?“ - најпознатите мајчински фрази со кои израснавме
Изреките се всушност спомени. Мали парчиња мудрост, автентичност пренесувана со генерации.
Како такви посебни, овојпат ќе ги издвоиме оние мајчините, кои како по универзален калап горе-долу ги користат мајките ширум светот, секако со најдобра намера за своите деца.
Да бидеш мајка е најдоброто нешто, но исто така и да ја имаш како таква, бидејќи мајката е таа која го прави светот подобро место за живеење.
Секогаш грижливи, по малку исплашени, понекогаш драматични и „малкуцка“ хистерични – тие живеат за среќата на своите деца.
Затоа, не лутете им се. „Ќе бидете и вие еден ден родители“ - како што би рекле тие.
А можеби и веќе сте, па ги изговарате речиси истите зборови, кои некогаш „ве ваделе од такт“.
Во продолжение за вас ги издвојуваме најкултните мајчински фрази кои ќе измамат носталгична насмевка на вашето лице:
1. „Мајка ти не е од вчера, знаеш?!“
2. „Вие деца ќе ме умрете мене“
3. „Еден ден и ти ќе бидеш родител, па ќе те видам!“
4. „Има деца во Африка кои гладуваат и веднаш би го изеле тоа!“
5. „Не ме терај да го свртам автомобилот и да те вратам право дома!“
6. „Нема да направиш чекор додека не ја расчистиш собата“
7. „Причекај само татко ти да се врати дома!“
8. „Можеш да правиш што сакаш кога ќе почнеш да ги плаќаш сметките“
9. „Не те прашувам, ти кажувам“
10. „Кому зборувам, тебе или на ѕидот?“
11. „Сѐ додека живееш под мој покрив, ќе живееш според моите правила“
12. „Парите не растат на дрво, знаеш?!“
13. „Во мое време не беше вака..“
14. „Прави како што велам, а не како што правам јас“
15. „Престани да правиш гримаси, сакаш лицето да ти остане такво?“
16. „Затворај врата, не си се родил на чамец“
17. „Полека со тоа, сакаш да ми го „извадиш“ окото?!“
18. „Се вели „молам“, а не „што“!“
19. „Ако сите деца скокнат од мост, и ти ќе скокнеш?“
20. „Оддалечи се од телевизорот, ќе си ги расипеш очите!“
21. „Прашај го татко ти“
22. „Зошто? Бидејќи јас велам така“
23. „Кога бев на твои години...“
24. „НЕ ЗНАМ не е одговор“
25. „Јас не сум ви слугинка!“
26. „Не зборувај со полна уста!“
27. „Од каде знаеш дека не ти се допаѓа, кога не си го ни пробал/а?“
28. „Не ми е гајле што прават сите, мене ми е гајле што правиш ти!“
29. „Мајкино дете, дојди да те гушнам“
30. „Само го сакам најдоброто за тебе“
31. „Ако си премногу болен за да одиш на училиште, тогаш си болен и за да излезеш надвор“
32. „Едно врапче ми шепна...“
33. „Гледај ме во очи кога ти зборувам!“
34. „Имаш одговор за сѐ, нели?!“
35. „Не можеш да го најдеш? Па ако ги враќаше работите на своето место, досега ќе го имаше најдено“
36. „Мислиш дека ова е хотел, па доаѓаш само на спиење?!“
37. „Не ме прашувај ЗОШТО. Одговорот е НЕ“
38. „Ако не го изедеш ручекот, нема да добиеш десерт“
39. „Не ме терај да станам!“
40. „Запамти, еден ден ќе ми бидеш благодарен“
Мила М. | Црнобело / фото: freepik.com