10 работи на кои треба да обрнете внимание во текот на бременоста

Премногу кафе

Избегнувајте ги пијалаците со кофеин, вклучувајќи го и кафето.

Кофеинот може да патува преку плацентата и да го зголеми срцевиот пулс на бебето.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-07.jpg

Без прејадување

Во текот на бременоста, ќе почувствувате потреба да внесете повеќе храна од што можете да складирате во вашиот желудник. Внимавајте што јадете и колку јадете, бидејќи тоа е многу важно за вас и вашето бебе. 

Во ред е да јадете повеќе од вообичаено, но избегнувајте да се прејадувате. Вашиот лекар ќе ви помогне да утврдите колку и каква храна треба да внесувате.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-08.jpg

Немојте да го чистите песокот на мачката

Иако не постојат ограничувања за тоа колку можете да си играте со вашите крзнени пријателчиња, сепак држете се понастрана од местата каде што тие ги вршат своите физиолошки потреби.

Кутијата со песок е полна со различни паразити кои можат сериозно да му наштетат на вашето бебе, што значи немојте никако да ја чистите вие додека сте бремени.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-09.jpg

Стоматолошки преглед

Редовните стоматолошки прегледи ќе ви помогнат во зачувувањето на безбедноста на бебето и ќе го намалат ризикот од некои инфекции кои можат да се пренесат на вашето бебе.

Затоа, посетата на стоматолог мора да се сфати многу сериозно.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-10.jpg

Без алкохол

Има многу ризици поврзани со консумирањето алкохол во текот на бременоста. Алкохолот може да предизвика цела низа проблеми со здравјето на бебето и најпаметно е да го избегнувате. 

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-11.jpg

За сè поврзано со вашата бременост консултирајте се со лекар. Немојте слепо да ги следите овие или кои било други совети и секогаш разговарајте со лекар пред да направите што било.

М. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg