10 работи на кои треба да обрнете внимание во текот на бременоста

На почетокот од бременоста немојте да ја запоставувате физичката активност, редовно одете на заболекар и бидете умерени со кофеинот - на што треба да обрнете внимание, но и за што треба да поразговарате со вашиот лекар, додека сте бремени?

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-01.jpg

Бременоста е еден од најубавите периоди од животот на секоја мајка. Но, ова е и период исполнет со предизвици.

Додека сте бремени, треба да водите подобра грижа за себе и да ги слушате препораките на вашиот лекар. Немојте да правите ништо без да се консултирате со него, а добро би било да поразговарате и за 10-те теми во продолжение.

На кои работи треба да обрнете внимание додека сте бремени?

Грижа за мускулите

Ако сте бремени, не значи дека сте болни. Редовното вежбање значително ќе го подобри вашето здравје и здравјето на вашето бебе.

Вежбањето може да ги намали и болките во телото, како и вкочанетоста.

Само важно е да не се форсирате, а пред да почнете со вежбање, прашајте го вашиот лекар кои вежби се безбедни за вас.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-02.jpg

Секс во текот на бременоста

За прашањата околу сексот во текот на бременоста потребно е да се консултирате со вашиот лекар.

Доколку немате високо ризична бременост или пак не постои шанса за сериозна повреда на вашето неродено бебе, тогаш можете да имате секс.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-03.jpg

Без пушење цигари

Пушењето цигари не смее да биде никаква опција во текот на бременоста. Доколку сакате да запалите цигара, сетете се колку може да биде опасно за вашето неродено бебе.

Со секоја нова запалена цигара, го ставате вашето бебе во поголем ризик од нарушен имунитет.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-04.jpg

Без џакузи или сауна

Во текот на бременоста мора да ги избегнувате сите места каде се високи температурите. Така што ќе треба да заборавите на уживање во џакузи и сауна, барем додека сте бремени.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-05.jpg

Појас за безбедност во автомобилот

Појасот за безбедност е многу важен дел од возењето со автомобил. Во текот на бременоста, мора да внимавате како го поставувате. Всушност, тој мора да е поставен под стомакот, а не преку него.

10-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-vo-tekot-na-bremenosta-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg