Емотивна тура низ светот: Средбата на татковците со нивните новороденчиња (фото)
Татковците играат сè поактивна улога во животите на децата и, нормално, нивното доаѓање на овој свет им е вистински благослов.
Фотографот Adriana Zehbrauskas со UNICEF патувала во 5 земји и фотографирала средби на татковците со нивните новороденчиња. Вакви емотивни мигови таа овековечила во Гвинеја-Бисао, Мексико, Тајланд, Туркменистан и Велика Британија.
Овие фотографии се доказ за неверојатната возбуда и емоции што ги преплавуваат татковците во првите неколку часа по раѓање на нивните деца.
Некои од овие дечиња се прерано родени и минале седмици и седмици во инкубатор, додека за други родителите минале години и години обидувајќи се да ги добијат.
Прекрасни мигови кои се паметат засекогаш:
С. С. | Црнобело