Класични принципи на воспитување кои е подобро да ги заборавите

Колку пати сте размислувале на темата правилен начин на воспитување на децата и дали вие го практикувате?

klasichni-principi-na-vospituvanje-koi-e-podobro-da-gi-zaboravite-01.jpg

Речиси сите родители ги воспитуваат своите деца следејќи ги правилата кои нивните родители ги применувале на нив.

Па така, звучите како копија на вашата мајка или татко кога ќе му кажете на детето„учи повеќе“, „мораш да штедиш“ и слично.

Но, според некои психолози, време е да почнете да ги подготвувате децата за иднината уште од сега, а времињата се многу сменети од кога вие бевте мали.

Погледнете кои се правилата на воспитување од кои треба полека да се откажувате:

„Мора да штедиш пари“

Еден од најчесто слушаниот совет од родителите и бабите и дедовците, денес може да се каже дека дури и нема смисла.

Добро е да имате пари на страна, но тоа не значи дека сите пари треба засекогаш да ги чувате „заглавени“.

Во модерно време, подобро е дел од нив да инвестирате во нешто добро, кое утре може да ви донесе уште поголем приход, па учете ги децата на финансиски планови.

klasichni-principi-na-vospituvanje-koi-e-podobro-da-gi-zaboravite-02.jpg

„Ако правиш нешто, направи го најдобро што можеш“

По овој совет се водат многу луѓе од генерација на генерација, но сега ќе погледнеме од друг аспект.

Замислете како им е на децата кои одат во училиште и имаат толку многу предмети кои би требало да ги совладаат совршено.

Секако дека е невозможно или барем малтретирање за повеќето. Затоа, треба да се поделат работите на начин на кој ќе одлучите што може да правите најдобро, што добро, а што може да се прескокне.

Не може да бидете совршени во сè и тоа е сосема во ред!

klasichni-principi-na-vospituvanje-koi-e-podobro-da-gi-zaboravite-03.jpg

„Мора да работиш напорно за да постигнеш успех“

Вие велите дека мора да се работи напорна и тешка работа секојдневно и постојано за да се постигне успех, но вашето дете гледа примери како што е Марк Закерберг и многу други кои со само една едноставна идеја, постигнале огромен успех.

Секако, потребно е знаење и работа и за тоа, но понекогаш, и од малите нешта, може да излезе голем бизнис кој ќе донесе уште поголем приход – учете ги децата и на тоа.

klasichni-principi-na-vospituvanje-koi-e-podobro-da-gi-zaboravite-04.jpg

„Мора да собираш многу знаење“

Ако го учите детето дека треба да има познавања во секое поле, тоа е во ред, но не треба да биде генијалец.

Нема потреба да учи сè и сешто од секое поле кое не го интересира и да си го мачи мозокот, наместо да се посвети на специјализирање во одредени области кои најмногу му одат.

Научете го детето да сфати кои се неговите интереси и да оди во таа насока.

klasichni-principi-na-vospituvanje-koi-e-podobro-da-gi-zaboravite-05.jpg

Задолжително е сигурно работно место

Многу соништа на децата се уништени заради водењето по правилото дека е подобро да имаат канцелариска, сигурна работа, наместо да се посветат на нешто што ги интересира.

Дозволете му на детето да ги следи своите соништа, бидејќи иако можеби готвач или козметичар не ви се чини како „сигурна“ професија, доколку го исполнува и е стручно во своето поле, може да постигне многу поголем успех и приход од било која друга „ценета“ работа.

klasichni-principi-na-vospituvanje-koi-e-podobro-da-gi-zaboravite-06.jpg

Детето е во центарот на светот

Исто така треба да запомните дека не треба детето засекогаш да го чувате во стаклено ѕвоно.

Да, засекогаш ќе ви биде дете колку и да порасне, но тоа не значи дека треба да се вртите само околу него, бидејќи на тој начин ќе го направите неспособно и нема да оставите можност да стане независна личност.

klasichni-principi-na-vospituvanje-koi-e-podobro-da-gi-zaboravite-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Грешки во воспитувањето што ги прават модерните родители „Ги потценуваат. Децата на 9 или 10 години се многу попаметни отколку што луѓето...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување ... Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – ка...
Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
Босански психолог: „Денешните родители ретко наоѓаат време за децата, па ги обвинуваат наставниците ... „Воспитувањето бара време, бара труд и бара работа, првенствено врз себе, а дури...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg