Дали навистина бебињата со поголеми глави се поинтелигентни од останатите?
Кога ќе ви речат „Имаш голема глава“, вообичаено не се смета за комплимент. Но, може да биде повод за одлична контра-реплика: „Само голема глава може да собере голем мозок“.
Сепак, излегува дека ваквото шегување може да биде и делумно вистина.
Истражувањето во Велика Британија водено како голема и долгорочна студија која започнала во 2007 година, а завршила 10 години подоцна, покажала дека кај бебињата родени со големи глави, постои голема веројатност да бидат попаметни.
Студијата која беше објавена во списанието Molecular Psychiatry ја разгледала поврзаноста помеѓу гените, интелигенцијата и целокупното здравје.
Се покажало дека луѓето кои се родени со големи глави имаат значително поголема веројатност да покажат поголема интелигенција подоцна во животот, потврдено со достигнувања како што се стекнување со универзитетска диплома или постигнување повисоки резултати во однос на вербално-нумеричкото тестирање.
Но, што точно значи да се има голема глава? Според студијата, бебињата со обем на главата од 31,7 до 35,5 cm најверојатно биле попаметни од другите.
Меѓутоа, големите глави на бебињата не биле единствениот индикатор за повисока интелигенција. Студијата, исто така, покажала дека целокупното здравје е поврзано со повисоките нивоа на интелигенција.
Студијата воедно поддржува постоечка теорија која вели дека оние кои имаат подобро здравје, најверојатно ќе имаат и повисоко ниво на интелигенција.
Доколку сте изненадени или можеби загрижени поради големината на главата на вашето бебе, бидете безгрижни, бидејќи најверојатно тоа е добра работа.
(О)Милена | Црнобело